Ако и вие сте од оние кои не се задоволуваат со добро, подобро или најдобро, туку се во потрага по супериорно – Тондах е покрив за вас!

Ако и вие сте од оние кои не се задоволуваат со добро, подобро или најдобро, туку се во потрага по супериорно – Тондах е покрив за вас!
Сите ние сакаме добри и квалитетни работи. Сакаме да јадеме во најдобрите ресторани, уживаме да носиме врвна облека и обувки, посакуваме да одиме на одмор на најубавите светски дестинации. И за секое едно од овие нешта знаеме дека има добро, подобро и најдобро.
Така е и во нашата област, во светот на градежните материјали. Постојат добри, подобри и најдобри. Компанијата „Винербергер“ повеќе од два века е посветена на производство на градежни материјали и, во тој поглед, ние можеме да зборуваме и за нешто повеќе од добро, подобро и најдобро.
Во овој текст ќе му посветиме внимание на тоа што низ годините успеавме да го постигнеме во сегментот на нашиот бренд Тондах, а тоа е: СУПЕРИОРНОСТА. Тондах е супериорен затоа што убедливо нема конкуренција во поглед на квалитетот, изгледот и сигурноста.
За разлика од обичните покриви, Тондах нуди системски покривни решенија како трајна солуција за покривот. Кога природните глинени ќерамиди, заедно со сите додатоци од системската опрема, ќе се инсталираат како дел од еден целосен систем, покривот со децении ќе го издржува тестот на времето, сведувајќи ја на минимум потребата од поправки или реновирање.
Како производител на сите елементи од системските покривни решенија, „Винербергер“ се има погрижено за нивна максимална компатибилност и лесна монтажа. Во исто време, сигурни сме во супериорниот квалитет на системите што ги нудиме и затоа со покривните решенија даваме и гаранција за времетраење од 33 години!
Дополнително, периодов можете да ја искористите и нашата промотивна понуда и да побарате ваучер од 100 евра за вашиот нов покрив од Тондах.
Зграпчете ја можноста и изградете супериорен покрив Тондах без конкуренција!
Контактирајте не слободно и со доверба. Ние сме отворени за соработка! :)