Добредојдовте на мала прошетка низ светот на урбаната екологија, каде што покривот ги штити нашите живеалишта, но е и живеалиште за многу птици.
.jpg)
Птици и покриви – полетна пролетна приказна
Добредојдовте на мала прошетка низ светот на урбаната екологија, каде што покривот ги штити нашите живеалишта, но е и живеалиште за многу птици.
Кога се зборува за покривите, најчесто се мисли на заштитата што тие ја претставуваат за нашиот дом, на сигурноста што ни ја нудат и на нивната надворешна убавина. Но, кога ќе дојде пролет, ние размислуваме и за нешто друго – за покривите како дом на птиците.
Птиците и покривите од ќерамиди
Птиците ги сакаат покривите со ќерамиди, поради неколку причини. Со самото тоа што се наоѓаат на повисоко, тие им нудат природна заштита од грабливците, сигурно место каде што безгрижно можат да се засолнат – себеси и своите младенчиња.
Дополнително, покривите од ќерамиди имаат празнини кои се идеални за свивање гнезда. Стреите, како најпосакувано место за изградба на гнезда, за птиците претставуваат и заштита од непријатните временски услови како дожд, ветер и директно сонце. Од друга страна, пак, глинените ќерамиди ја задржуваат топлината, што е важно особено за студените ноќи.
На нашите простори птиците кои најчесто можеме да очекуваме да го делат покривот со нас се:
2. Врапчиња
Врапчињата се најпознатите пердувести жители под покривите. Тие ги обожаваат малите дупки и просторите меѓу ќерамидите, особено во куќите со традиционални покриви и во нив ги градат своите гнезда. Интересно е што едно врапче може да направи гнездо и во простор од само неколку сантиметри.
Урбана симбиоза
Луѓето имаат соживот со птиците откога знаат за себе. Птиците помагаат во контролирањето на бројот на инсекти во воздухот, затоа што се хранат со мушички, муви, комарци итн. Присуството на птици во средината укажува на здрав урбан екосистем, а нивната песна носи радост и живост во нашето секојдневие.
Затоа, важно е да ги заштитиме птиците и нивните живеалишта. Еве неколку начини на кои можеме да го сториме тоа:
Доколку на вашиот покрив или под стреата има гнездо со птици, можете да поставите мала камера преку која заедно со семејството ќе го следите животот на птиците. На децата сигурно ќе им биде забавно, а сите заедно можете многу да научите за начинот на кој функционира природата.
За цени и набавка
Контактирајте ги нашите комерцијални претставници
Пронајдете го дистрибутерот што ви е најблизу
Пријавете сѐ за Newsletter
Не пропуштајте ги нашите промоции и новитети