Винербергер Македонија е дом на ластовици.
Винербергер Македонија е дом на ластовици.
Птици-преселници и предвесници на пролетта. Песнопојки кои со својот цвркот го развеселуваат местото што ќе го населат. Според верувањата на нашиот народ, ластовиците носат среќа во куќата каде што ќе свијат гнездо, како и здравје, плодност и бериќет на жителите на тој дом.
Како компанија со традиција од над 200 години, во нашиот развој постојано се потпираме на науката, но знаеме дека големи вистини се кријат и во народната мудрост.
Природата е во срцевината на нашето работење. Човекот отсекогаш се вртел кон природата за да бара инспирација и за да наоѓа решенија во секое поле на своето живеење. Слично како и ластовичките, и ние сме почнале домовите да ги правиме од глина и слама. Знаејќи дека природното е најдобро, и ние во Винербергер нашите производи ги правиме од целосно природни материјали, кои ќе овозможат енергетски ефикасни градби за живеење, во кои ќе има пријатна атмосфера во секое годишно време.
Под влијание на климатските промени, милиони животински видови низ целиот свет се во опасност од изумирање. Истото се случува и на Балканскиот Полуостров, каде што се наоѓа Македонија, кој е еден од најбогатите европски региони со биоразновидност, но воедно и со висок степен на ендемизам. Во време на најголемото нарушување на природната рамнотежа на целата планета, наша одговорност е да ѝ вратиме на природата со добро.
Во таа насока, Винербергер Македонија се придружува на идејата за зачувување на биоразновидноста на целата групација Винербергер. Нашата приказна за производство на градежни материјали е тесно поврзана со градителската приказна на ластовичките. Со години наназад, фабриката во Виница во којашто се произведуваат природни производи за изградба на домови е и дом на многу ластовички. Од година во година, тие се враќаат во гнездата под стреите на нашата фабрика, тука се размножуваат и оттука ги подготвуваат своите малечки за лет кон потоплите краишта на есен. Од година во година, нивниот број расте и сè повеќе придонесуваат за „чистење“ на воздухот во Виница и околината од инсекти (во текот на летото една ластовица јаде околу еден милион инсекти!), со што и директно ни враќаат за нашето гостопримство правејќи ги летните навали од инсекти помали.
Ова е нашата приказна за биоразновидноста, која решивме да ја споделиме со вас на уникатен начин. Како што се вели кај нас, една ластовичка пролет не носи, но штом се сторат цело јато – пролетта е тука. Се надеваме дека нашата практика на живеење во хармонија со малите пердувести пријателчиња ќе инспирира многу слични практики во нашата заедница, за заедно да ја донесеме пролетта, односно почетокот на нашиот нов и одговорен однос кон природата.
Затоа, сакаме барем на кратко да влезете во кожата на една (македонска, виничка) ластовица и да си замислите како изгледа светот преку нејзините очи. Уживајте во природните убавини на Македонија: надлетајте ги Осоговските планини и Гратчевскиот водопад, летајте над Плачковица, над оризовите полиња познати како кочански оризи. Уживајте и во културните богатства на виничката околина, како археолошкото наоѓалиште Виничко Кале.
Каде и да одите, што и да правите, на крајот ќе се вратите на единственото место каде што ќе се чувствувате како дома.
Пријавете сè за нашиот Newsletter и први информирајте се за сите новости и настани од светот на архитектурата и градежништвото.