MK_MKT_PHOTO_GLOBAL_MAP_BOW

Пат околу светот на новогодишните верувања

Како минуваат годините, семејните луѓе кои ја обожаваат удобноста на домот, сè почесто решаваат Нова година да ја поминат во топлата домашна атмосфера.

Сами со семејството или со најблиските роднини и пријатели, на северната или јужната полутопка, каде и да се, со кого и да се, испраќањето на старата и пречекувањето на Новата година на луѓето кои слават дома секогаш е зачинето со локални адети и верувања. 

Во пресрет на Новогодишната ноќ и дочекувањето на новата 2024 година, ве повикуваме на пат околу светот на најинтересните верувања поврзани со Нова година.

Mixed berries flat lay with peaches and kiwis food photography
тркалезни овошки

·     ОКРУГЛА ХРАНА. Во многу култури низ светот се верува дека округлата храна носи бериќет. Во Италија, на пример, леќата се јаде за Нова година затоа што потсеќа на монети. На Филипините, пак, имаат обичај да изедат 12 тркалезни овошки, по една за изобилство во секој месец од годината.

·     ИСПОКРШЕНИ ЧИНИИ. Во Данска за Нова година се кршат чинии пред влезот на својот дом, но и пред влезовите на пријателите или роднините. Данците веруваат дека колку поголем куп искршени чинии имате пред прагот – толку посреќна година е пред вас. 

·     КРОМИД НА ВЛЕЗНАТА ВРАТА. За Грците кромидот е симбол на среќа и плодност, затоа што тој расте и без никој да се грижи за него. За Нова година, Грците закачуваат врзопи со кромид на влезните врати за да го поканат бериќетот во нивниот дом. На први јануари, пак, родителите ги будат своите деца нежно потчукнувајќи ги со главица кромид што стоела на вратата. 

·     ЗАКАЧЕН ЛЕБ. И во Ирска луѓето закачуваат храна за Нова година, но наместо кромид на влезната врата како Грците, тие закачуваат леб на ѕид во дневната. Се верува дека лебот ги истерува лошите духови за да се почне новата година со целосно „чиста“ куќа. 

·     ДОЛГНАВНЕСТА ХРАНА ЗА ДОЛГ ЖИВОТ. Јапонците, пак, за Нова година го јадат традиционалното јадење „тошикоши соба“. Негова главна состојка се долгите нудли, кои ја симболизираат долговечноста. 

Joyful brunette in red dress scatters gold and silver confetti on white background
конфети

·     ТОЧКЕСТА ОБЛЕКА. Филипинците освен тоа што ја сакаат кружната форма за јадење, тие така и се облекуваат. Имено, облеката со точки за новогодишната прослава е задолжителна за сите што сакаат да ги следи среќа во новата година.

·     ЖЕЛБИ ПУШТЕНИ ПО РЕКА. Во Сингапур луѓето ја украсуваат својата најголема река Сингапур со хартиени топки полни со нивните новогодишни желби. Илјадници и илјадници желби пловат по реката, сочинувајќи прекрасна глетка!

·     СКОКНЕТЕ ВО 2024-ТА! Во Данска луѓето на полноќ застануваат на своите столови и кога одбројувањето ќе заврши „скокнуваат“ среќни и насмеани во новата година.

spicy fried fish fillet with lemon slices
риба на трпеза

·     РИБА НА ТРПЕЗА. Насекаде низ светот луѓето на новогодишната трпеза имаат риба. Освен што е здрава, рибата има и универзална симболика: плива само во една насока – напред. 

·     ИСПОКРШЕНИ КАЛИНКИ. Во Турција калинките се симбол на изобилство и освен што се подаруваат и се јадат, за Нова година се кршат и згмечуваат пред праговите на куќите. Колку поцрвен праг – толку поголем бериќет!

·     СРЕЌНА НОВА ГОДИНА БУКВАЛНО НА СИТЕ! Фламанските сточари во Белгија кога ќе станат на први јануари излегуваат да си ја честитаат Новата година едни на други, но и на своите кокошки, крави, свињи, коњи и сите останати животни. На овој начин, тие сметаат дека си обезбедуваат бериќетна сточарска година. 

·     ВНИМАТЕЛНО БИРАЊЕ НА ПРВИТЕ ГОСТИ. Во Шкотска се верува дека првиот човек што ќе ви влезе дома во новата година може да влијае на расположението во домот целата година. Затоа, првите гости се најважни и Шкотланѓаните внимателно ги бираат. 

·     ШАМПАЊ ЗАЧИНЕТ СО ПЕПЕЛ. Во Русија, шампањот за Нова година се пие со една дополнителна состојка. Русите ја пишуваат својата новогодишна желба на ливче, го горат целосно, ја додаваат пепелта во шампањот и – на здравје! 

А ние, затоа што ни е незамисливо да ставиме пепел во шампањот, да им честитаме Нова година на животните околу нас, да се облекуваме точкесто или да кршиме калинки пред влезот, и оваа година силно ќе се изгушкаме кога стрелките на часовникот ќе се спојат.

Грижете се за најблиските, чувајте ги добрите пријатели блиску и со тоа вложувајте во љубовта и топлината на вашиот дом.

Нека ви е среќна и бериќетна новата 2024 година!

email, chat and telephone symbols

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба