Решивте да го средите поткровјето на вашата куќа? За да ве инспирираме, направивме преглед на позитивните и негативните страни на различните простории во домот ако се изведат во поткровјето.
Решивте да го средите поткровјето на вашата куќа? За да ве инспирираме, направивме преглед на позитивните и негативните страни на различните простории во домот ако се изведат во поткровјето.
Ретко кој простор за живеење има толку голема посебност како поткровјето. Со сите свои косини и потпорни столбови или греди, поткровјето може да биде инспирација за необични и оригинални начини на уредување.
Навидум тесните и ниски делови можат да се пополнат со интересен мебел, по ѕидовите може да се игра со бои за истакнување или ублажување на косините, а поранешниот недостаток на светлина денес лесно се надминува со покривните прозорци.
На интернет можат да се најдат безброј идеи за уредување на секоја од овие простории на поткровјето, во зависност од стилот во кој би сакале да го уредите. Затоа, тука решивме на едно место да ги собереме сите „ЗА“ зошто секоја од овие простории може да си најде место во вашето поткровје.
Кујната е местото од каде што извира топлината во домот. Со првото кафе наутро, со оброците преку ден и со вечерите кога конечно сите се дома, кујната е тука да ги спои членовите на семејството и да го зближи семејството со роднините и пријателите. Тука се готви и се разговара. Тука се создаваат спомени.
Поткровјето нуди можност за правење кујна во која секоја педа ќе биде максимално искористена. И висечките шкафови и полиците можат да се изработат по мерка, за да се искористи просторот во секој агол. И најдоброто нешто што можете да го направите во вашата кујна на поткровје е покривен прозорец токму над вашиот шпорет, со што ќе добиете идеален природен аспиратор.
Воопшто не е необично да решите целото поткровје да го искористите за да направите една пространа дневна соба. Дневната соба е местото каде што семејството го минува најголемиот дел од времето и убаво осветленото поткровје кое лесно се проветрува може да биде идеално за тоа.
Можете да си играте со боите на ѕидовите за да ги нагласувате или ублажувате косините, за да направите просторот да изгледа поголем или потопол... А можете да решите и да направите необични нешта, како на пример мала опсерваторија во некој агол.
Со вградување покривни прозорци во вашата дневна соба на поткровје, добивате совршено место за поставување телескоп. Во деновите кога небото е чисто и полно со ѕвезди, ова може да биде одличен повод да ги собирате пријателите и да уживате во набљудувањето на вселената.
Во што и да одлучите да го претворите вашето поткровје, изберете ги нашите квалитетни покривни прозорци Тондах. На тој начин ќе бидете сигурни дека вашиот простор го правите пријатен за престој.
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Пронајдете го дистрибутерот што ви е најблизу
Не пропуштајте ги нашите новитети