Tondach střešní okna

Како до проветрување на потпокривниот простор?

Дознајте колку е важно во потпокривниот простор да има воздух и светлина, особено во летниот период на силни горештини.

Image
Покривни прозорци Tondach

Лето е. И тоа поекстремно од кога било. Во едно годишно време ги имаме и пеколните горештини и силните невремиња, кои повеќе од кога и да е го ставаат на тест покривот на нашиот дом. Но, горештината и влагата се голема закана и за воздухот што го дишеме дома.

Дали ви се има случувано кога ќе се качите во потпокривниот простор воздухот да биде тежок, спарен и влажен, при што има само мал продор на сончеви зраци? Ваквата состојба не е воопшто добра кога станува збор за квалитетот на воздухот. Темните, топли и влажни места нудат идеални услови за развој на мувла, бактерии и алергени.

Доколку сакате да се заштитите од наведените проблеми, прочитајте како можете да обезбедите вентилација на потпокривниот простор и здрав воздух за вашето семејство. 

Клучни работи за добра вентилација на покривот

Сè почнува со градењето на покривот. Ако го направите како што треба, ќе почнете една убава семејна приказна. Ако не успеете да направите добар покрив, ќе почнат проблемите. Сепак, и тоа не е крај на светот, затоа што можете да ги отстраните при првото реновирање.

Ако сте исправени пред предизвикот да градите или да реновирате покрив, ова се двете клучни работи на кои треба да внимавате за да добиете покрив со добра вентилација и дом со здрав воздух:

1. Природни глинени ќерамиди

за добра вентилација

Глинените ќерамиди, какви што се нашите Тондах, се убедливо најдобри кога станува збор за вентилацијата на покривот. Ова е така затоа што тие се произведуваат од глинен, порозен материјал кој ја пропушта влажноста од воздухот надвор од внатрешноста на објектот во атмосферата, со што се постигнува оптимален проток на воздух под покривот. 

2. Додатоци неопходни за вентилација на покривот

за добра вентилација

Како дел од системските покривни решенија, во асортиманот на Тондах има голема палета производи, керамички и некерамички, кои му овозможуваат на покривот да дише.  

Од системската опрема за добра вентилација на покривот, неопходни ќе ви бидат:

Вентилациски ќерамиди

Специјално дизајнирани глинени ќерамиди кои служат за вентилација на потпокривната површина.

Паропропусна фолија

Се поставува под ќерамидите за да спречи да навлезе вода во потпокривниот простор, а во исто време, овозможува пареата или влагата од воздухот под покривот да поминат низ неа. Со тоа, просторот е заштитен од кондензација, влага и мувла.

Вентилациска лента

Важен елемент кој помага во исполнување на барањето за вентилација на покривот и одведувањето на водната пареа и топлиот воздух надвор.

Вентилациски елементи за стреа

Помагаат да има проток на воздух од стреата кон билото, во исто време спречувајќи го навлегувањето и загнездувањето на неканети гости, како птиците, инсектите и штетниците.Специјално дизајнирани глинени ќерамиди кои служат за вентилација на потпокривната површина.

Отвори за вентилација

Тие се предизвик за секој покрив, но со системските покривни решенија на Тондах се спречува пропуштање на водата и влагата. Од надворешна страна, вентилацијата е дискретна и беспрекорно вклопена во изгледот на покривот, додека од внатрешната страна технички подготвена за сите временски предизвици.Се поставува под ќерамидите за да спречи да навлезе вода во потпокривниот простор, а во исто време, овозможува пареата или влагата од воздухот под покривот да поминат низ неа. Со тоа, просторот е заштитен од кондензација, влага и мувла.

Патот до покрив кој дише и потпокривен простор кој ќе издишува здрав воздух што вашето семејство ќе го вдишува е лесен и едноставен. Доколку, сепак, ви е потребна помош, нашиот тим ви стои на располагање. Слободно контактирајте нè!

 

Lifestyle image

5 зошто, 5 затоа за вентилацијата на покривот

Со оглед на големата важност на оваа тема, ви подготвивме листа на најчесто поставуваните прашања до нас за вентилацијата и нашите одговори на нив. 

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба