Amazed woman standing under umbrella during leak in kitchen

И за покривот важи: подобро да спречиш, отколку да лечиш!

Кога деновите се добри, не ни се мисли на лошите. Кога времето е прекрасно, не ни се размислува за времињата кога нашиот дом ќе биде на удар на силните врнежи, бури, ветришта, град или снегови. 

Но, како паметни луѓе, знаеме и дека токму тоа треба да го правиме. Затоа што оној што размислува однапред за лошите денови и опасностите кои ги носат времињата и временските услови ќе се заштити навреме и ќе претрпи помала или воопшто нема да претрпи штета.

Подобро да спречиш, отколку да лечиш, рекол нашиот народ, а ние знаеме дека оваа мудрост и тоа како важи за покривот на нашиот дом. Токму затоа, ја претставуваме превентивната мерка број еден во спречувањето штета на вашиот покрив: ГЛИНЕНИ ЌЕРАМИДИ. 

1. Отпорноста им е природна

Tondach ќерамиди

Меѓу многуте опции кои денес се достапни на пазарот, глинените ќерамиди, какви што се нашите Tondach, се истакнуваат како најсигурен избор кога станува збор за отпорност на временски услови. Тие се направени од природна глина, а нејзините својства ги прават цврсти и отпорни на пукање или кршење, дури и при екстремни услови. Овие својства им овозможуваат да ги издржат ударите од градот и ветровите со голема брзина, што е честа причина за оштетување на другите видови покривни материјали. 

2. Штитат од најсилни ветришта

Tondach ќерамиди

Со оглед на климатските промени, во нашата компанија „Винербергер“ последниве години заштитата од ветер и од бури кај глинените ќерамиди во овој дел од Европа е приоритет. Брзината на ветерот зависи од многу фактори, како што се доминантниот релјеф на географското подрачје, но и пречките во околината (згради, дрвја, фасади и сл.). Но, колку и да штити еден покрив, важно е да се има на ум дека по секое посилно невреме треба да се провери неговата состојба и да се извршат ситни поправки ако е потребно. Редовното одржување на покривот може многу да му помогне во неговата мисија на заштитник на вашиот дом низ годините. 

3. Сигурноста им е на прво место

Tondach ќерамиди

Животот под глинени ќерамиди е здрав и на ниту еден начин не им наштетува на луѓето со алергии, а не морате да се плашите ниту од бучавата. Покривот направен од квалитетни глинени ќерамиди е одличен изолатор, па во вашиот дом ќе можете да уживате и да спиете непречено. Тоа што се произведени од висококвалитетна глина која е печена на многу високи температури, ќерамидите Tondach ги прави особено стабилни и отпорни на топлина и на смрзнување, како и на нечистотии и хемикалии. 

4. Познати се по долготрајноста

Tondach ќерамиди

Глинените ќерамиди се познати по својот исклучително долг век на траење. Нивната природна издржливост и отпорност на невремињата ќе го направат вашиот покрив сигурен низ годините. Тоа значи помалку трошоци за поправка и за замена на покривот во иднина. 

Ednash Tondach landing page

ПРОМОТИВНО

Побарај ваучер од 100 евра за твојот нов покрив

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Најдете дистрибутер

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Още информация за керамични блокове Porotherm

Слични статии

Продажба