Од памтивек до денес, производите направени од глина се составен дел на секој дом. Како материјал на садовите за јадење, украсите низ дома или како производ за градба на самиот дом, глината е нашиот вечен и верен пријател во домувањето. И има зошто!

Без глината не би постоело клинестото писмо, Кинескиот ѕид или спектакуларната теракотна војска. Без неа денес немаше да го имаме ни Гилгамеш, најстариот текст со уметничка вредност, напишан на глинени плочки, кои опстојале четири милениуми од времето кога биле направени до времето кога научниците ги откриле во средината на 19. век.
Глината е природен материјал кој нуди бескрајни креативни можности, а нејзината трајност придонесува што и да се направи од неа, тоа да опстои долго. Квалитетите на глината, како цврстината, топлинската изолација, богатството од минерали и можноста за лакирање, боење и цртање ја прават материјал за сите времиња, за многу намени и за домови од соништата.
Градејќи со природни глинени производи, инвестирате во енергетската ефикасност, пријатната клима и долготрајноста на вашиот дом. Во него, вие ќе ја живеете вашата семејна идила, а и идните генерации вечно ќе ви бидат благодарни.
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу
Не ги пропуштајте најновите вести од нас