За географската положба на Македонија и нејзината клима имаме специјално дизајнирани ќерамиди од континентален тип.

За географската положба на Македонија и нејзината клима имаме специјално дизајнирани ќерамиди од континентален тип.
Знаци за организиран живот на територијата на Македонија се наоѓаат уште од времето на постариот неолит. За да опстојат долго време на едно место, луѓето морале да наидат на географско поднебје и клима што им одговараат.
Имајќи предвид дека Македонија е земја со одлична географска положба, јасно е зошто таа со милениуми е место за живеење на нашиот народ.
Во нашата земја преовладуваат три типови клима: умерено континентална, медитеранска и планинска. Планинската и медитеранската клима си имаат свои предизвици, меѓутоа континенталната, во нејзината умерена форма, е клима со значителни годишни разлики во температурата, каде преовладувачките ветрови дуваат по копнен пат и носат големи годишни врнежи. Летата се топли или врели, а зимите се одликуваат со негативни температури.
За заштита на домовите во подрачја со ваква клима „Винербергер“ ја има креирано својата палета на континентален тип ќерамиди, специјално дизајнирани за да дадат отпор на јакото сонце, силните дождови, ветровите и снеговите.
Живописната структура на површината на овие ќерамиди на покривот ќе му подари класичен, но и елегантен изглед со безвременска убавина.
Запознајте ги нашите три видови „континенталки“:
Благодарение на својата приспособливост, ќерамидите Tondach се препорачуваат за сите видови градежни потфати. Изгледаат импресивно и при реставрација на традиционални градби, исто како и при остварување на смели концепти на модерната архитектура. Со нив и санациите на покривот се изведуваат брзо и ефикасно.
Tondach ви нуди бескрајна палета на можности. Препуштете се на фантазијата и инспирацијата и дајте му на вашиот дом изглед на безвременска класика.
Контактирајте ги нашите комерцијални претставници
Контактирајте го дистрибутерот што е најблизу до вас
Не ги пропуштајте најновите вести од нас