Roof tiles colours Jupiter

Како да ја одберете бојата на новиот покрив?

Квалитетот секогаш е на прво место. Но, дали и вам ви е естетиката на второто?

DCIM\100MEDIA\DJI_0657.JPG
Семејна куќа

Ако сте решиле да живеете во куќа, јасно ви е колку секој од нејзините делови барал добро промислување. Градењето на домот е трајна инвестиција во местото каде што ќе престојувате целиот живот. Затоа е и разбирливо да сакате сè да биде по ваша мерка и ваш вкус.

Кога зборуваме за куќата и боите, најтешките одлуки се поврзани со бојата на фасадата и бојата на покривот. Ние сме тука да ви помогнеме во тоа што го знаеме најдобро – како да дојдете до совршениот покрив за вашата куќа.

Иако сме навикнати постојано да го истакнуваме квалитетот на нашите ќерамиди Tondach, со тоа што сте тука сметаме дека веќе сте се одлучиле за квалитет и затоа сега ќе зборуваме за изгледот. 

Руба краси, руба гнаси, вели нашиот народ, а ние знаеме дека истото важи и за екстериерот на куќата. Во него, покривот е како една убава шапка, која во исто време штити и од ветер, и од дожд и снег, но и од сонце.

Антрацит, кафена, црвена, природна, медена, зелена, натура, теракота, песочна... Палетата на бои на нашите ќерамиди е широка и можете да се впуштите во разгледување. Целата понуда на ќерамиди ја имаме тука

Но, пред тоа, прочитајте ги нашите три совети и идеи како да ја одберете вистинската боја на ќерамиди за вашиот покрив:

1. Бојата на ќерамидата треба да го следи стилот на куќата.

совет

За куќи во традиционален или медитерански стил, ги препорачуваме природните бои на ќерамиди. Ако, пак, стилот на куќата ви е помодерен, размислете за црн покрив, односно за ќерамиди во антрацит боја. 

2. Бојата на ќерамидата мора да биде долготрајна и постојана.

совет

Такви се енгобираните ќерамиди Tondach. Енгобата е природна боја со која се премачкува сувата испечена ќерамида. Потоа заедно се печат на висока температура и со тоа бојата станува составен дел од ќерамидата, па трае колку и самата ќерамида. 

3. Покривот треба да одговара на фасадата и на соседството.

совет

 Црните ќерамиди совршено одговараат со бели и светли фасади, а на топли тонови на фасада одговараат црвенкастите или кафеавите нијанси на ќерамиди. Каква и да ви е фасадата, погледнете го и опкружувањето и избегнете покривот да го направите во целосно спротивна боја на сите останати покриви. 

email, chat and telephone symbols

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба