Final garden work of autumn. Green wheelbarrow in the garden. Garden wheelbarrow full of dry leafs and branches. Autumn garden theme.

5 септемвриски работи околу куќата

Септември е месец кој ја носи позитивната енергија на почетоците. Децата тргнуваат на училиште, возрасните по летните одмори повторно влегуваат во секојдневната работна шема, а природата почнува полека да се подготвува за студот што доаѓа. 

Доколку живеете во куќа, знаете дека септември е месец кога и куќата бара освежување и подготовка за студените месеци. Од една страна, тука е зеленилото кое си бара соодветна нега во овој период од годината, а од друга страна сигурноста на домот во пресрет на обилните врнежи и снегови.

За да ви олесниме при планирањето, направивме список од 5 работи што треба да ги направите овој септември за вашата куќа и двор да останат убави и сигурни. 

1. Време е за есенско чистење

Првата работа во септември

Многу често во летните месеци знаеме да се опуштиме од работа. Одиме на одмор и ја оставаме куќата сама, без нашата рака. А и кога сме дома, го средуваме само најнеопходното. Затоа, за загревање, првата работа што можете да ја фатите во септември е да се прошетате околу куќата и да го отстраните целото ѓубре што сигурно се насобрало наваму-натаму, како искршени и исушени гранки, суви листови, напластена нечистотија по рабовите на куќата и на плочниците.

2. Тревници и растенија

Исечете ја и живата ограда

За некој ден, летните жештини ќе ги заменат обилните дождови и ладните утра, а природата полека ќе почне да се подготвува за мирување. Со тоа треба да се смени и начинот на кој се грижиме за растенијата во дворот и градината. Во текот на септември, за последен пат во сезоната треба да го искосите тревникот. Важно е да не го исечете премногу, за полесно да ги поднесе есенските дождови и зимскиот снег. Честите дождови карактеристични за оваа доба од годината ќе ја намалат потребата од редовно наводнување на тревникот, но и на другите растенија во дворот. Сепак, ако дојде подолг сув период, не дозволувајте почвата да се исуши. Во текот на септември за последен пат исечете ја и живата ограда за да ја подготвите за студените месеци што доаѓаат. 

3. Разубавете со есенски цвеќиња

Време за садење на грмушки и дрвја

Балконските растенија што ќе продолжат да цветаат сè до есенските ладни денови треба и понатаму да се полеваат, но умерено, односно на секои 2-3 дена, редовно да се прихрануваат и редовно да им се отстрануваат исушените цветови. Во текот на следните неколку недели, заменети ги со есенски видови, како анемони или хризантеми. Септември е вистинско време и за садење или пресадување на грмушки и дрвја. Преубави бои во дворот можете да внесете со грмушката огнен трн, која има декоративни плодови од жолта до црвена боја.

Чувствителните растителни видови во саксии следните месеци треба да ги внесете на затворено, а растенијата засадени во почва треба да ги заштитите со фолија и геотекстил.

За да може напролет градината да биде прекрасна, есента е вистинското време и за садење луковици од лалиња, зумбули, нарциси и други пролетни видови. Луковиците посадете ги на оддалеченост од 5 до 8 cm една од друга, а доколку се поголеми, на растојание од 10 до 15 cm. Во зависност од времето на цветање, комбинирајте ги во групи, затоа што така подолго време ќе ви го красат домот.

4. Исчистете ги олуците

Повикајте мајстор

Олуците служат да ја однесат дождовната вода од покривот до земјата, за околните ѕидови да останат суви. За време на летото во олуците навлегуваат разни нечистотии, а понекогаш и птиците знаат да си направат гнездо во нив. Секако, ова е голем проблем кога ќе почне да врне, бидејќи водата нема да може да протекува, ќе почне да се прелева и да ги навлажнува ѕидовите. А како што се навлажнува ѕидот однадвор, така водата продира и навнатре, создавајќи влага во домот, што води кон нездрави услови за живеење. Доколку не знаете како самите да го направите тоа, повикајте мајстор кој знае да провери каква е состојбата на олуците и дали се проточни. 

5. Проверете го покривот

Стравот го чува лозјето, а покривот го чува домот

 

И, најважното за на крај! За да бидете сигурни дека врнежливата есен и снежната зима ќе можете да ги поминете на сигурно во вашиот дом, секогаш е добро во септември да си го проверите покривот. Бидејќи, кога ќе почне сезоната на дождови, доколку покривот ви протече, ќе имате поголем притисок за да го средите во деновите кога ќе биде проблематично да се работи на него. Затоа, искористете ги последните топли денови и направете проверка на вашиот покрив. Сами или со стручно лице, проверете ги дрвените летви, вентилацијата и ќерамидите. Како експерти за покриви, ние во „Винербергер“ стоиме зад нашиот бренд на висококвалитетни, 100% природни ќерамиди Tondach и нудиме целосни покривни системски решенија, кои се секогаш тука доколку сфатите дека ви треба нов покрив. 

Со добра организација и паметен план за работите околу куќата, обврските можете да ги претворите во уживање и во редовна годишна рутина. А куќата и дворот ќе ви бидат благодарни и ќе ви вратат повеќекратно со својата сигурност, убавина и пријатноста да се ужива во нив заедно со најблиските. 

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба