Small, metal table standing on a striped carpet in living room interior with wooden furniture

10 новогодишни одлуки за подобар дом во 2023 г.

Нова година, нови почетоци и нови идеи како домот да го направите поубав, подобро организиран и поудобен. 

Почеток на јануари. Време кога наголемо размислувате како да го подобрите здравјето, изгледот и финансиите во текот на новата година. Но, има уште едно нешто во вашиот живот што заслужува да биде ставено на списокот на вашите новогодишни одлуки, а тоа е: ВАШИОТ ДОМ.

Домот е местото каде што се одмарате и ги полните батериите, каде што уживате во квалитетно поминатото време со семејството, ги готвите вашите омилени рецепти и правите уште толку многу убави работи.

Домот е местото што треба да носи што е можно повеќе радост и токму затоа за вас ја направивме оваа листа на 10 новогодишни одлуки кои се однесуваат на домот. Тоа се работи кои се лесни за правење, а кои ќе ви помогнат домот да го направите поубав, подобро организиран и поудобен во текот на годината што ни претстои.  

1. Освежете го претсобјето

Милина за очи

Од простор преку кој одвај чекате да преминете, вашето претсобје лесно можете да го претворите во милина за очи. За тоа ви требаат само неколку едноставни промени: смела боја на ѕидовите, табла со штипки за уметничките дела на вашите деца или ново затворено место за складирање на новите обувки што веќе не ги собира во плакарот за чевли.

2. Направете ја спалната поудобна

Дизајн што ви се допаѓа

За да го подобрите чувството на пријатност во вашата спална, поработете на осветлувањето, внесете растенија и поставете нова, подобра постелнина. Не сте сигурни од каде да почнете? Најдете прекривка за брачниот кревет со дизајн што ви се допаѓа и таа нека биде основата на којашто ќе се надоврзат сите други промени. 

3. Создадете си работен простор

Да уживате во работата од дома

Ако го немате луксузот да имате посебна работна соба и едно слободно ќоше во домот може да заврши работа. Спојте еден повисок стол со компатибилна масичка што можете да ја користите како биро, поставете огледало, уметничка слика или мала цветна декорација за да му дадете на местото душа и почнете да уживате во работата од дома!

4. Средете ги полиците со книги

Истакнете го вашиот стил

Професионалците за внатрешно уредување знаат дека полиците со книги се одлично место за истакнување на вашиот стил. Пред и меѓу книгите секогаш можете да вметнете впечатливи мали керамички украси, стаклени вазни, врамени фотографии, ткаени корпи и разни други ситници кои имаат специјално значење за вас. 

5. Декорирајте со растенија

Опкружете се со растенија

Еден од најдобрите начини за да го подобрите вашето расположение и да му дадете индивидуалност на просторот во кој живеете е да го исполните со зеленило. На помалите места поставете помали саксии, а доколку имате некој поголем простор што ви стои неискористен, секогаш можете да го пополните со некое високо растение, како палма, дрво на животот и слично, кое ќе му даде живот на целиот простор. 

6. Експериментирајте со бои

Освежи ја просторијата

Доколку се плашите да ја промените бојата на сите ѕидови наеднаш во некоја силна боја, направете го тоа со еден подзатскриен ѕид. Силната боја веднаш ќе падне во очи и ќе даде нова свежина во просторијата. 

7. Прошарајте ја кујната

Дајте й на кујната расположение

Ако обожавате смел изглед на кујни, можете да ги смените плочките или тапетите во кујната со нови, во шарени и весели бои и ќе имате впечаток дека имате нова кујна. Ако немате пари за да се впуштите во такво реновирање, сличен ефект можете да постигнете и со разно-разни шарени кујнски додатоци кои ќе ги поставите насекаде за да добиете разигран изглед. 

8. Размислете за нови организациски алатки.

Организирајте го вашиот секојдневен живот

Секое едно делче во домот можете да го направите пофункционално и поорганизирано. Најдобар пример? Поставете табла за пишување со креда покрај фрижидерот и на неа заедно со децата пишувајте што сè треба да се набави следно во домот. На сите кутии во домот во кои имате складирано работи што не ги користите често, поставете натписи кои ќе ви помогнат полесно да ги наоѓате работите во моментот кога ќе ви притребаат. Толку малку е потребно за да се стават, а толку многу ќе ви го олеснат животот!

9. Направете ја бањата порелаксирачка

Нови додатоци

Ако грижата за себе оваа година сакате да ја ставите на прво место, почнете со правење промени во бањата. Наш предлог: внесете рачни изработки, како: ново огледало со рачно изработена рамка, полица со уникатна саксија со цвеќе, плетени ѕидни џебови...

10. Зголемете ја дневната светлина

За светло расположение

Не е за изненадување што природната дневна светлина може да направи чуда во домот – како во поглед на неговиот изглед, така и во поглед на вашето расположение. Местата за седење во домот поместете ги поблиску до прозорците и вратите со стакло и размислете дали можете да ги смените завесите за да пропуштаат повеќе светлина да допира до вас. Доколку, пак, имате поткровје, погледнете ги нашите покривни прозорци – сигурни сме дека ќе бидат вистинско решение за повеќе светлина во вашиот дом. 

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба