Man and woman enjoy beautiful sunset in the mountains, while standing on the roof of their unfinished house. Concept of romance, house of dream and escaping to nature

10 лидерски адути на Тондах

Лидер не се раѓа, лидер се станува. За тоа е потребно труд, визионерство и желба за повеќе и подобро. А да се остане лидер на пазарот со децении и децении, како што тоа му успева на Тондах на европскиот пазар, е вистински подвиг. 

Овој подвиг на Тондах е резултат на искуството, знаењето и традицијата подолги од два века, кои компанијата „Винербергер“ ги има зад себе. Но, исто така и на погледот кон иднината на вработените на нашата компанија, кои секогаш гледаат понапред од другите.

Ви ги претставуваме десетте адути на Тондах, кои го одржуваат брендот на тронот на најпродаван бренд на ќерамиди во Европа:

Image
Врвен квалитет

1.       Во хармонија со природата

Глинените ќерамида Тондах се изработени од целосно природни материјали, од четирите основни елементи: земја, воздух, оган и вода, без никакви хемиски додатоци и не испуштаат загадувачи, алергени или хемикалии во околината.

2.      Секогаш врвен квалитет

За да се постигне квалитетот, издржливоста и убавината на ќерамидите, „Винербергер“ не штеди во своите инвестиции во најмодерна технологија и најнапредни инженерски умови кои секогаш размислуваат чекор пред сите.

3.      Сигурноста е најважна

Со целосните системски решенија на Тондах, кои се состојат од ќерамиди и дополнителна опрема, покривот нуди целосна сигурност и заштита од сите екстремни временски непогоди – дожд, бура, ветришта, град и снег.

Image
Дополнителна сигурност

4.       Дополнителна сигурност

Ќерамидите Тондах се незапаливи, затоа што во текот на производството се печат на температура од 1.000 ° С. Затоа, при пожар тие ниту горат, ниту испуштаат отровни гасови.

5.      Штедат енергија

Ќерамидите Тондах се оптимални за пасивни и нискоенергетски куќи и помагаат за намалување на потрошувачката на енергија во домот при греење во текот на зимата, но и при ладење лете.

6.      Ја разубавуваат секоја куќа

Тондах располага со голема палетата на форми, завршни обработки и над 25 различни нијанси на бои на ќерамиди. Освен што стои зад беспрекорниот изглед, Тондах гарантира и за трајноста на бојата на ќерамидите. 

Image
Tondach покрив

7.       Се вклопуваат во секој стил

Ќерамидите Тондах нудат опсежни решенија за медитерански, класични, трендовски и безвременски покриви. Тие се совршен спој на дизајнот и функционалноста и со нив можат да се градат покриви со косина од 10° па нагоре.

8.      Ја зголемуваат вредноста на куќата

Глинените ќерамиди Тондах ги задржуваат своите својства, формата и бојата долги години. За разлика од покривите направени од други материјали, покривот направен од глинени ќерамиди Тондах не повлекува обемни трошоци за одржување. А овие предности гарантираат висока продажна вредност на вашата куќа дури и по многу години.

Image
Continental 9

9.       33 години гаранција

За квалитетот на своите производи, Тондах гарантира со 33-годишна гаранција. Искуството на нашата компанија, пак, покажува дека ако глинените ќерамиди се постават, се користат и се одржуваат на исправен начин, можат да траат и над 150 години.

10.      Наследство за следните генерации

Домот со покрив од Тондах е сигурен дом што ќе трае со генерации. Покривот Тондах е стабилен при сите временски услови, отпорен на замрзнување, таложење на нечистотии и на загадувања од околината. Имајќи предвид дека докажаниот век на траење на една ќерамида е повеќе од сто години, со Тондах сте сигурни дека оставате скапоцено наследство на вашите деца и внуци. 

Ednash Tondach landing page

ПРОМОТИВНО

Побарај ваучер од 100 евра за твојот нов покрив

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Најдете дистрибутер

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба