Градете куќа со холистички пристап

Градењето куќа е животен потфат. Прочитајте како можете на едно место да ги најдете материјалите за главните делови од куќата и како да бидете сигурни дека ќе носите правилни одлуки во процесот на градење на секој од нив. 

Решавањето на станбеното прашање е меѓу најважните нешта во нашиот живот. Без разлика дали живеете во град или во село, во мирно опкружување или во урбана градска средина, одлуката да градите и да живеете во ваша куќа е едно од најголемите случувања во животот.

Современиот начин на живот и промените што се случуваат во целиот свет прават семејните куќи да станат најпосакувано место за сигурно и здраво живеење. Затоа, ако и вие ја имате донесено значајната одлука да градите куќа, ви честитаме!

Како експерти во рамки на компанијата „Винербергер“, која има вековно искуство во областа на производството на градежни материјали, тука сме да ве водиме низ деловите на куќата и да ви помогнеме како да продолжите да носите правилни одлуки за изградбата на секој од нив. 

Ѕидови

Здраво домување

Кога се гради куќа, основно е да се мисли на главната цел на секој дом – пријатно, сигурно и здраво домување. Но, важно е и да добиете објект со ниски трошоци за греење и ладење, кој ќе има и повисока пазарна вредност доколку еден ден решите да го продадете.

Затоа, тука како одговор веднаш се наметнуваат природните градежни материјали, а керамичките блокови во таа смисла се совршени. Со милениуми елементите оган, вода, воздух и земја се комбинираат при создавањето на градежниот материјал и токму тие се споени и во нашите керамички блокови Porotherm.

Кога станува збор за керамички блокови за градење, тоа на што треба да се внимава е да имаат добри термоизолациски карактеристики, низок коефициент на пренос на топлина и звук преку нив, да обезбедуваат оптимална влажност на просториите, да се троши помалку термоизолациски материјал и да бидат потребни помалку луѓе при изградбата на ѕидовите.

Со употребата на најмодерни технологии за производство и посебни рецептури, глинените блокови Porotherm го нудат сето тоа. И уште повеќе, тие претставуваат гаранција за создавање енергетски ефикасни, иновативни и одржливи блокови за градење, кои се погодни како за модерни проекти, така и за традиционална архитектура.

Покрив

Системска опрема

Глинената ќерамида е најпопуларниот покривен материјал. Покривот од глинени ќерамиди се користи за семејни куќи и станбени згради, за деловни и индустриски објекти, како и при реновирање. Иако е важно каква куќа имате на ум, па според неа да го изберете и покривот, поважно е дека со Tondach можете да го постигнете посакуваниот завршен ефект на секој вид куќа – од традиционален и класичен, до модерен и екстравагантен.

Која варијанта и да ја изберете, знајте дека во „Винербергер“ ќе имате партнер од доверба за изградба, затоа што освен широката понуда на модели и бои на ќерамиди, на едно место можете да ја купите целата системска опрема што вашиот покрив ќе го направи трајно сигурен. Со тоа, ќе добиете и 33 години гаранција, а елементите за дополнителна заштита на покривот ќе направат покривот на вашиот дом да ги издржи и најсилните налети на ветер (и до 210 км/ч) или да издржи поголема количина на снег без да прокисне и да го уништи вашето поткровје. 

Инспирирајте се за вашиот нов покрив од галеријата на референтни објекти со покриви од Tondach

 

Поткровје

Најсаканиот простор во домот

Кога сме, пак, кај поткровјето, ако имате во план куќа со уредено поткровје, кај нас можете да најдете и широк асортиман на покривни прозорци. Елегантните и квалитетни прозорци кои се целосно компатибилни со ќерамидите Tondach и со системската опрема, ќе обезбедат беспрекорна заштита на вашиот покрив и ќе го направат поткровјето најсаканиот простор во домот. 

Двор

Прекрасна оаза на отворено

Можеби сега, кога сте пред изградба на новиот дом, ви се гледа далеку уредувањето на дворната површина. Сепак, подобро е буџетот со кој располагате да го испланирате однапред, за да не се случи завршувајќи ја куќата да сфатите дека сте останале без средства за уредување на дворот.

Дворот е проект сам за себе, а добро испланираниот проект е основа за точна пресметка на вредноста на инвестицијата. Наша препорака е да почнете од површините што планирате да ги поплочувате. Изберете висококвалитетни павер-елементи чии карактеристики ќе одговорат на вашите потреби за престој на отворено, а нивниот изглед ќе влијае позитивно на целокупниот изглед на куќата, давајќи ѝ стил и елеганција.

Во палетата на производи на нашиот бренд Semmelrock освен квалитетен бехатон и плочки за надворешно поплочување, ќе најдете и дополнителни елементи кои обичниот двор ќе го претворат во прекрасна оаза на отворено. 

За крај, освен што ќе биде пријатен за живеење, домот мора функционално да ги задоволи сите ваши потреби и да ги исполни сите ваши желби за да стане место каде што ќе се чувствувате опуштено и исполнето со оние што најмногу ги сакате.

А со холистички, односно сеопфатен пристап при градењето, избирајќи ги сите производи за градба на едно место, во „Винербергер“, најмногу ќе добиете – ВИЕ!

Продажба