Reference object Contiton 12 brown

Винербергер ги менува имињата на своите покривни ќерамиди

Wienerberger отсекогаш се трудел да работи во служба на своите соработници и да ги направи своите производи и услуги што е можно подостапни и целосни.

Во таа насока, со задоволство ве информираме дека како дел од интеграцијата на Tondach во групацијата Wienerberger, успешно е завршен еден особено важен проект – усогласување на имињата на производите на системите за покриви Tondach. Новите имиња ќе овозможат поголема флексибилност во рамките на глобалната мрежа на земјите производители на производите на Tondach. За да ги избереме новите имиња, се фокусиравме на главните карактеристики на секоја група производи и најдовме начин да ги поедноставиме и обединиме различните системи за нашите клиенти да можат побрзо да се привикнат на нив.

На пример, добро познатиот производ Vineam, кој е традиционален за балканскиот регион, сега ќе се вика Contiton 12, а бројот поосле називот означува потребни ќерамиди во квадратен метар. Така, сите ќерамиди со обликот на Винеам(континентална ќерамида) ќе се нарекуваат Contiton, само бројот после називот ќе ја означува димензијата на ќерамидите (стандарден или голем формат).

Вака ќе изгледа целата палета на производи на Tondach од 01.01.2023 година

New names Tondach

Продажба