This Browser is no longer supported. Please switch to a supported Browser like Chrome, Firefox, Safari or Edge.
Вашиот избор
Wienerbeger Brick Award 2020: Признание за висококвалитетната архитектура од тули
Архитектите од целиот свет ги покажаа своите иновативни концепти со керамички материјали: пријавени се 644 проекти од 55 земји.
Добитниците на Brick Award 20 го импресионираа жирито со смели и креативни архитектонски концепти за одржливи и напредни решенија.
Церемонијата на доделување на наградите за прв пат се одржа онлајн на 23.09.2020 година.
Виена, 23 септември, 2020 - “Архитектурата има важна улога за поврзување на луѓето и изграденото опкружување. Во урбаните области, особено гледаме потреба за иновативни пристапи и создавање атрактивни станбени и работни средини “, истакнa Heimo Scheuch, претседател на Управниот одбор на Винербергер.
Архитектурата мора постојано да се обновува со нови форми, материјали и концепти на употреба. Освен естетските аспирации, постојат строги технички регулативи и барања за квалитет што треба да се исполнат. Концептите за одржливост, како што е енергетски ефикасно градење и рециклирањe се неопходни во денешницата.
Brick Award им овозможува на архитектите од целиот свет да ги покажат своите најнови креативни проекти за иновативна архитектура од тули. Целта е да ги инспирира архитектите и луѓето, да сподели дизајн концепти и да истражи нови начини на градење. Во 2020 година комапнијата Винербергер по деветти пат ја доделува оваа меѓународна награда. Рекорден број од 644 проекти во 55 земји беа пријавени од 520 архитекти оваа година.
Наградите се доделени во следните категории:
· Чувствувајќи се како дома (11 номинации),
· Живееме заедно (10 номинации),
· Работиме заедно (9 номинации),
· Споделување јавни простори (11 номинации) и
· Нестандардни решенија (9 номинации).
Последната категорија е насочена кон иновативни концепти и начини на употреба на тули, нови градежни технологии или посебно изработени тули.
Наградите се вредни вкупно 29.500 евра во парична вредност за пет категории, вклучувајќи Grand Prize и Special Prize. По завршувањето на фазата на поднесување, независно жири ги селектира проектите на 50 номинации. Од оваа потесна листа, меѓународно жири ги избра победниците.
Жири
За Brick Award 20, жирито се состоеше од пет меѓународно реномирани архитекти: Helena Glantz, Urban Design (Шведска), Toni Gironès Saderra, Estudi d’Arquitectura Toni Gironès (Шпанија), Tina Gregoric, Dekleva Gregoric Architects (Словенија), Mette Kynne Frandsen, Henning Larsen Architects A/S (Данска) и Jonathan Sergison, Sergison Bates Architects (Велика Британија).
Победници
Годинава на еден проект му беше доделена Големата награда (Grand Prize). Наградата е доделена на University of Silesia, Faculty of Radio and Television by BAAS arquitectura Шпанија, Grupa 5 architekci Полска и Małeccy biuro projektowe Полска. Проектот е исто така победник во категоријата „Споделување јавни простори“. Импресивна реализација на високо-концептуален предлог со можност за реупотреба и нагласена контекстуална чувствителност беше колективен напор на три европски архитектонски практики за истакнување на уникатната атмосфера на јавен простор.
Grand Prize Winner & Category Winner “Sharing public spaces”: University of Silesia, Faculty of Radio and Television
Победнички проект во категоријата „Живееме заедно” е Prototype Village House од страна на Rafi Segal, MIT Rwanda Workshop Team (US) заедно со Rwanda Housing Authority (Rwanda). Оваа одржлива куќа беше дизајнирана како прототип за достапно домување, чија модерна и ефикасна архитектура е скроена според локалните потреби во Руанда.
Category Winner “Living together”: Prototype Village House
„Iturbide Studio“ нa архитектите Тaller Mauricio и Rocha Gabriela Carill) (Мексико) е проектот кој ја доби наградата во категоријата "Feeling at home".
Graciela Iturbide е мексиканска фотографка, позната по црно-бели фотографии на мексикански селанки. Таа на својот син Mauricio Rocha, кој управува со Taller de Arquitectura заедно со Gabriela Carrillo, му го нарачала проектот за своето студио кое требало да се изгради во непосредна близина на куќата. Нејзиниот единствен услов бил е да биде од тула.
Category Winner “Feeling at home”: Iturbide Studio
Во истата категорија, проектот Can Jaime i n´Isabelle од TEd´A arquitectes во Шпанија беше награден со Специјална награда(Special Prize). Куќа на изолирана локација со медитеранската клима. Употребата на тули е за изградба на место кое користејќи ги сопствените ресурси, со текот на времето ќе развие пријатна микроклима, оаза во која може да се живее во различни периоди од годината.
Special Prize Winner “Feeling at home”: Can Jaime I n´Isabelle
Во категоријата „Работиме заедно“, жирито го избра City Archive Delft, Холандија од страна на Office Winhov (Холандија) и Gottlieb Paludan Architects (Данска) како победници во категоријата.Жирито утврди дека проектот е концептуално јасен и прецизен. Преку отвореното приземје се прикажува историјата на градот.
Category Winner “Working together”: City Archive Delft
Библиотеката „ Maya Somaiya “ од Sameep Padora & Associates се наоѓа во Индија. Жирито го прогласи овој проект како победник во категоријата „Нестандардни решенија”. Проектот користеше тули на нестандарден начин, обликувајќи го покривот на Библиотеката како лебдечки пејзаж, игралиште за училиштето а истовремено вршејќи ја функцијата на библиотека. Со историска инспирација за користење на тули во различни делови на светот, дизајниран со софистициран компјутерски софтвер, овој проект се истакнува со напредна структура од тули.
Category Winner “Building outside the box”: Maya Somaiya Library
За дополнителни информации посетете ја веб страницата: www.brickaward.com
Wienerberger е најголемиот светски производител на тули и фасадни тули (Porotherm, Terca), лидер на пазарот за покривна глинена ќерамида во Европа (Koramic, Tondach), како и за бетонски плочи и плочки (Semmelrock) во Централна и во Источна Европа. Во системите за цевки (керамички цевки Steinzeug-Keramo и пластични цевки Pipelife), компанијата е еден од водечките добавувачи во Европа. Со своите 201 производствени погони, групацијата Винербергер оствари приходи од 3,5 милијарди евра и EBITDA LFL од 587 милиони евра во 2019 година.
Пријава за Newsletter
Претплатете се на нашиот Newsletter и дознајте ги нашите најнови вести, производи, статии и промоции.