This Browser is no longer supported. Please switch to a supported Browser like Chrome, Firefox, Safari or Edge.
Вашиот избор
Вебинар за архитекти: Иднината на поплочувањето надворешни површини
Поттикнати од досегашните успешни предавања и конференции, Винербергер и оваа година организира стручен вебинар. На 19 мај, три врвни професионалки од Хрватска со нашите архитекти ќе ги споделат своите знаења и искуства во областа на надворешното уредување.
1. Павер-елементи: квалитетот и поставувањето во функција на естетиката и трајноста
Semmelrock
Користењето на врвни технологии за производство на готови павер-елементи резултира со производи со екстремно висок квалитет. Тука, голема е заслугата на контролата на квалитетот, која се грижи сè да биде на највисоко можно ниво: од материјалите што се користат, преку процесот на производство, па до крајните производи. При дизајнирање на поплочени надворешни површини, мора да се земат предвид сите функционални параметри на павер-елементите за да се дојде до естетски прифатливо решение, кое ќе трае. Ивана Мухар, специјалист за контрола на квалитет во „Semmelrock Stein + Design“, Хрватска, преку конкретни реализирани проекти ќе покаже како урбаната средина може да се освежи со користење на производи за надворешно поплочување во многу бои и формати.
2. Одржливост на пејзажот и подобрување на урбаната микроклима
Во време кога климатските промени стануваат голем предизвик, на ниво на Европа, континуирано се зголемуваат зелените острови, се градат зелени покриви и паркинзи, а употребата на одржливи материјали со висок индекс на рефлексија на сончевата светлина (SRI - Solar Reflectance Index) станува долгорочен концепт за зелената инфраструктурна стратегија. Бетонот, како флексибилен и најчесто користен градежен материјал, бара да биде вклопен во таа стратегија. Ива Филиповиќ, пејзажен архитект во „Semmelrock Stein + Design“ – Хрватска, преку примери ќе објасни зошто поплочените надворешни површини, кои го поддржуваат природниот циклус на водата, се идеално и одржливо решение за уредување на прометните улици во урбаните средини.
3. Инспиративно уредување на отворени простори – Италија и Хрватска
Архитектот Ана Сламар има долгогодишно искуство во уредување на отворени простори на територијата на Хрватска и Италија. Според неа, поттикнувањето на квалитетното просторно планирање и архитектурата се основен предуслов за туристички и одржлив развој. Во нејзиното предавање за време на вебинарот, таа ќе направи осврт на примената на павер-елементите Semmelrock на новоизградени и реновирани туристички објекти.