Webinar
© Norge

Вебинар за архитекти и проектанти

Винербергер Ве поканува на бесплатен вебинар во областа на архитектурата со предавачи кои ќе опфатат современи и актуелни теми. Сите учесници ќе можат да преземат специјално изработен Прирачник за архитекти и ќе имаат можност да добијат уникатен примерок од Brick Book ’20 изданието за извонредна архитектура од тули.

Webinar for architects
Webinar for architects

Теми и предавачи на вебинарот

- Анализа на животниот циклус на керамичките производи – Проф д-р Тодорка Самарџиоска, Градежен факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје 

- Архитектура што живее - Бесиан Мехмети, основач на архитектонското студио БМА Скопјe

 

22 април 14:00 - 15:30 часот

Учесниците на вебинарот ќе имаат можност директно да се вклучат и да им поставуваат прашања на предавачите, да отворат дискусии и да впиваат искуства преточени преку примери.
 
Обезбедете го своето присуство со регистрација на вебинарот а ние ќе се обидеме споделувајќи знаење, искуство и теми на иднината да допринесеме за Вашиот професионален развој. Ве очекуваме! 
Инфо за предавачите
D-r Todorka Samardzioska
D-r Todorka Samardzioska

Д-р Тодорка Самарџиоска е редовен професор на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Докторирала на Весекс Институтот за Технологија на Универзитетот во Велс, Велика Британија, во 2006 година. Автор е на над 150 научни и стручни трудови, објавени во меѓународни и домашни списанија, како и во зборници од меѓународни научни конференции. Нејзина потесна специјалност се механиката, градежните материјали, градежната физика, граничните елементи, енергетски ефикасните објекти, звукот и акустиката на објектите. 

Во повеќегодишното истражувачко искуство била учесник и водител во повеќе од 35 домашни и меѓународни научноистражувачки проекти. Во периодот од 2011-2015 година била продекан за настава, а во наредниот мандат од 2015-2019 година продекан за наука и меѓународна соработка на Градежниот факултет во Скопје. Од 2019 година е раководител на докторските студии по градежништво. 

Претседател е на ИСРМ ТК 8 и потпретседател на одделението за енергетска ефикасност во КОАИ, член на повеќе стручни и научни здруженија, организатор на домашни и меѓународни конференции. Ментор е на над 120 дипломирани градежни инженери, повеќе од 40 магистри на технички науки и на неколку докторанди на Градежниот факултет. Автор е на повеќе учебници, учебни помагала, како и бројни стручни прирачници. 

 

 

 
Arh. Besian Mehmeti
Arh. Besian Mehmeti

Арх. Бесиан Мехмети е основач на архитектонското студио БМА во 2012 година, како плод на неколку годишна соработка и freelance искуствa во областа на архитектурата, урбанизмот и дизајнот. Откако дипломирал на Архитектонскиот Факултет во Скопје, тој е ангажиран во бројни проекти и наградени конкурсни решенија, во и надвор од земјата, меѓу кои и проектот за Плоштад Скендербег во Скопје, Театарот и библиотеката во Тетово, и проект за новото основно училиште во Капиштец, Скопје, со која е добитник е на Голема Годишна Награда за архитектура за 2019 година. Во 2020 година од Комората на архитекти и инженери ја прима престижната награда проф. Борис Чипан за придонес во развојот на архитектонската струка. 

Има учествувано на неколку изложби, вклучувајќи го Венециското биенале во 2012 година и самостојна изложба во New York во 2019 година. Повикан е како гостин предавач во симпозиуми, формални и неформални средби за архитектура и дизајн меѓу кои SHARE Skopje 2017 и SHARE Tirana 2018, Creative Exchange, Big SEE 2019 и Engage 2020.

Покрај праксата, со години е активен во настава како соработник на Архитектонскиот Факултет во Скопје, Одделот за Архитектура при Универзитет во Тетово и Факултетот за Архитектура и Дизајн на УАКС. Како претходица на архитектонската пракса, Бесиан бил одговорен за бројни графички проекти во Eggra, дизајн агенција која ја основаше со Ngadhnjim Mehmeti, создавајќи меѓународна репутација со публикации во Graphis, Communication Arts и Logolounge.

Пријави се за Newsletter

Пријава за Newsletter

Регистрирајте се на нашиот Newsletter и бидете во тек со сите новитети од светот на архитектурата и градежништвото.

Останати новости

Продажба