Во светот на „Винербергер“, сите сме победници. Чест ни е да ја објавиме новата возбудлива програма со која вие и вашите колеги можете да го споделите нашиот успех.

Во светот на „Винербергер“, сите сме победници. Чест ни е да ја објавиме новата возбудлива програма со која вие и вашите колеги можете да го споделите нашиот успех.
Знаеме дека нашиот успех го постигнуваме кога работиме заедно. Ние сме една од највредните и најиновативните компании во нашата индустрија, а вашата страст и ангажирање ни помогнаа да ги постигнеме, па и да ги надминеме, нашите цели во 2022 година. Со нашата Програма за учество на вработените во профитот (ПУВП) би сакале да ви ја признаеме и да ја наградиме вашата напорна работа во изминатата година.
Ќе добиете право на одреден број акции во „Винербергер АГ“. Како вработени во Македонија, до 20 акции ќе бидат резервиравни за Вас без никаков трошок. Вредноста на Вашиот пакет со акции зависи од моменталната цена на акциите. Ова значи дека ако цената на акциите на нашата компанија расте, ќе расте и вредноста на Вашето портфолио на акции.
Правото на овие акции ќе биде задржано од страна на Приватната фондација за учество на вработените на Винербергер (Wienerberger Mitarbeiterbeteiligungs-Privatstiftung) додека не ја напуштите компанијата, а потоа ќе ви бидат пренесени. За преносот ќе бидат применети Правилата и условите од 2022 година на ПУВП.
Дали сте знаеле дека...
…„Винербергер АГ“ е една од првите компании со кои се тргувало на Виенската берза на акции;
…со нашите акции се тргува повеќе од 150 години;
…нашиот фокус на одржливоста нè водеше да растеме побрзо отколку што растат нашите пазари;
…„Винербергер“ е во топ 5 компании на ATX (Австриската трговска берза).