Експертиза, страст, интегритет и почит, ориентација кон крајните корисници, претприемачки дух, квалитет и одговорност: Овие вредности се основа на нашата компанија и нашата секојдневна соработка. Како цврсто вкоренети компоненти на нашата корпоративна култура, тие се рефлектираат во голем број правила, прописи и политики на Групацијата Винербергер. Нивната порака е апсолутно јасна: Секоја форма на незаконско и неетичко однесување, како и прекршување на правилата нема да се толерира!
Во светот на Винербергер, за сите нас - вработени, крајни корисници, добавувачи и партнери - нашата амбиција е да живееме според највисоките стандарди за интегритет, деловна етика и одржливост, обезбедувајќи фер однесување низ целата групација.