Под мотото „Безбедна работа на висина“ организиравме Ден посветен на безбедноста и здравјето при работа за своите вработени.

Под мотото „Безбедна работа на висина“ организиравме Ден посветен на безбедноста и здравјето при работа за своите вработени.
На 16 октомври, во фабриката на ,,Винербергер” во Виница, традиционално трета година по ред беше одржан Денот на безбедноста и здравјето при работа. Целта на настанот беше преку презентации, игри и забава да се подигне свеста на вработените дека безбедноста и здравјето при работа се и мора да останат на прво место.
Сите вработени во компанијата, учествуваа во разни сегменти од програмата. Презентациите беа наменети за подигнување на свеста за безбедноста при работа на висина и ефикасното организирање на работното место преку 5С принципите. Компанијата Унифгранд обезбеди соодветна обука и објаснување за работа на висина, при што работниците беа едуцирани за правилната употреба на заштитна опрема. Оваа обука беше придружена со интересни едукативни игри, кои ги вклучија учесниците во интерактивни активности и тимска работа.
Со сончево време и убава дружба уште еднаш докажавме дека со мали чекори и многу посветеност можеме да изградиме побезбедна и поздрава работна средина за сите.
Грижата за вработените, најголемиот капитал на Винербергер трае 365 дена во годината, затоа компанијата постојано инвестира во нив и се грижи за нивната безбедност и здравје, а овој ден е уште една, видлива потврда за тоа.
Продолжуваме со својата визија да градиме подобро утре и посветено да нудиме иновативни градежни решенија.
Контактирајте не слободно и со доверба. Ние сме отворени за соработка!