wienerberger logo horizontal cover photo

НОВО WIENERBERGER ЛОГО

wienerberger расте и се развива брзо во последниве години и успешно се трансформира во снабдувач на иновативни и еколошки решенија за нова градба, реновирање, како и инфраструктура за управување со вода и енергија.

Со оваа трансформација, нашиот бренд е подготвен да се развива надвор од традиционалните корени за да го зајакне идентитетот на компанијата и да обезбеди цврста основа за идниот раст.

Со задоволство објавуваме дека сите компании кои се дел од групацијата ќе бидат обединети под еден бренд: wienerberger

3d house wienerberger
3d house wienerberger

wienerberger како водечки бренд за целото портфолио на брендови ги усогласува сите компании со јасен, кохезивен идентитет и ги прави нашите решенија препознатливи за сите клиенти и засегнати страни. 

КОРИСТЕЊЕ НА НАШАТА КОЛЕКТИВНА СИЛА

wienerberger

Усогласувањето на сите компании под чадорот на wienerberger овозможува јасна и доследна поврзаност со светот на wienerberger. Оваа ја подобрува транспарентноста и иновативната сила на целата групација како и нашата посветеност да овозможиме енергетски ефикасно, безбедно и здраво живеење низ целиот свет.

Додека ја креираме иднината, остануваме посветени на иновациите и еколошката одржливост. Нашата нова бренд архитектура ги поддржува нашите напори да влеземе на нови пазари, дополнително да ја диверзифицираме нашата палета на производи и да понудиме сеопфатни системски решенија од целото портфолио на брендови кои ги задоволуваат растечките барања на пазарот.

ПОНУДА НА ИНОВАТИВНИ И ЕКОЛОШКИ РЕШЕНИЈА

wienerberger

Остануваме горди на нашето богато наследство и силна основа, но сепак сме подеднакво посветени на нашето позиционирање како холистички снабдувач на иновативни и еколошки решенија за изградба на цел објект и неговата средина, како и инфраструктура за управувањето со вода и енергија. Нашата нова бренд архитектура е дизајнирана за транспарентно да ја прикаже разновидната и иновативна понуда на решенија кои ги нудиме.

Со комбинирање на нашата експертиза и ресурси, поставуваме цврста основа за одржлив иден раст. Нашиот интегриран пристап ќе обезбеди проширено портфолио на доверливи, холистички решенија, задоволувајќи ги барањата на клиентите со постојани иновации.

Конзистентен бренд идентитет

Како дел од нашата бренд архитектура, ќе споделиме освежен дизајн кој ја одразува нашата посветеност и гарантира дека приказната за нашиот бренд се шири на сите пазари со кохезивен и современ визуелен идентитет.

Продажба