K&K Arsenal in Wien - Gewehrfabrik - Objekt 19

Историјата на „Винербергер“

Двестегодишната историја раскажана од првиот човек

Денес „Винербергер“ е најголемиот производител на керамички тули во светот, но сè почнало пред 200 години на ридот Винерберг (во превод германскиот збор Wienerberg значи „виенски рид“) во Инзерсдорф, кој тогаш се наоѓал јужно од Виена, а денес е дел од градот. 

Почетокот на една империја

Алојз Мизбах

Основачот на компанијата, Алојз Мизбах (1791-1857), е роден во Моравија и студирал економија, а стекнува образование и како градежен инженер. Во Рим ги изучувал техниките што ги користеле античките Римјани за производство на тули и, во 1819 година, кога има само 29 години, решава да отвори своја тулана.

За само една година, во текот на 1820 година, таму се произведени 1,5 милиони тули. Три години подоцна, отвора нова фабрика во Мајдлинг. Тоа е почетокот на една империја: во 1855 година тој веќе поседува 9 тулани, од кои повеќето се наоѓаат во Виена и во околината. Давајќи пример за вертикална интеграција, Мизбах купува рудници за јаглен за самиот да ги снабдува туланите со горивото што им е неопходно. Во 1855 година тој поседува триесет шахти (вратила) и кај него работат 2.350 работници. Во текот на следните 40 години компанијата на Мизбах се развива и се претвора во една од најголемите компании во регионот и главен работодавец за луѓето од Бохемија. Како резултат на ширењето на дејностите, Мизбах продолжува да ги зголемува капацитетите на компанијата и во тоа време ги создава најголемите тулани во Европа. Компанијата навлегува и во градежниот сектор, градејќи низа домови и згради околу и во Виена.    

Управувањето со компанијата – доверено на член од семејството

Хајнрих Драше

Во 1857 година Хајнрих Драше, внук на Мизбах, застанува на чело на компанијата и го продолжува нејзиното развивање, како во поглед на експанзивната политика, така и во поглед на количеството на произведени тули, кое во 1869 година се зголемува на 188 милиони. 

Успехот на Мизбах и Драше се заснова на многу фактори, вклучително и на висококвалитетната сина глина во реонот јужно од Виена. Компанијата нуди широка палета на производи, меѓу кои ќерамиди, глинени украси, цевки и испечени тули и не само што инвестира во керамичката индустрија туку и зазема значајно место во ископувањето на јаглен, копањето канали, а подоцна и во градежната индустрија. Практично, на тој начин се контролира целиот производствен процес. Од 1848 година па натаму, компанијата ја снабдува и ја користи и железничката мрежа, која во тој период се развива.

Мизбах одржувал и добри односи со властите, што се гледа од дозволата што ја добил: му било одобрено меѓу иницијалите на своите тули да го постави грбот на Хабсбурзите – двоглавиот орел. Во 1838 година, по големата поплава во Пешта, тој е поканет да направи тулана во унгарската престолнина. Тоа е можност што му овозможува да почне да го користи и унгарскиот грб, а доведува и до основањето на „Pest Coal and Brickworks Company“ во 1869 година.   

Јавно друштво

Истата таа година австрискиот дел од концернот станува јавно друштво, под вештото раководство на Драше. Тоа е една од првите австриски компании, кои ги ставаат своите акции на Виенската берза. Подоцна во 19. век, компанијата навлегува и во Словачка и Бохемија. „Винербергер“ не биле монополисти; со реорганизирање на керамичката индустрија, Мизбах и Драше ја прават компанијата најголема во Европа. Тулите од времето на Драше и ден-денес можат да се видат во многу од виенските згради.

Далековидо управување со чекор пред сите

Драше е првиот производител на тули, кои во текот на 60-те години на 19. век во Австрија ги воведува т.н. „прстенести печки“. Тоа се овални или округли структури, во кои се печела глината на температура од околу 1000°С.

Драше е и еден од првите индустријалци, кои посветуваат внимание на социјалниот аспект и освен платата, се грижи вработените да имаат и други социјални придобивки. Тој гради домови за работниците, за да можат да живеат во подобри услови.

Во 1869 година во бордот на директорите на друштвото е и архитектот Хајнрих фон Ферстел. Соработката со Фон Ферстел му овозможува на „Винербергер“ да изгради значајни згради, како „Вотивкирхе“ (Wiener Votivkirche)“ и „Палатата Ферстел“ (Palais Ferstel). Под влијанието на Фон Ферстел и Теофил Хансен, друг познат архитект од тоа време, „Винербергер“ кон својата дејност ја придодава и изработката на декоративни керамички скулптури (орнаменти). Овие скулптури стануваат основен производ за извоз и можат да се најдат во многу европски главни градови. Оваа дејност продолжува да опстојува сè до Втората светска војна. Некои од овие скулптури денес се продаваат на аукции како вредни уметнички дела.

Подеми и падови по Втората светска војна

Новата стратегија и проширувањето – навлегување на меѓународниот пазар

Судбината на „Винербергер“ се менува на почетокот од 80-те години, кога новиот раководен тим почнува со преструктуирање на дејноста и развива нова стратегија за експанзија, чија цел е да се стигне на водечката позиција на европскиот пазар. По консолидирањето на австрискиот пазар, на средината на деценијата компанијата се фокусира на меѓународниот. Значаен момент за развојот на „Винербергер“ е 1986 година, кога компанијата ја присоединува „Germanys Oltmanns – Gruppe“. На тој начин, со повеќе од 200 фабрики, таа станува еден од водечките играчи на пазарот на тули во Европа.

Истовремено, компанијата ја проширува својата дејност и се насочува кон други сфери на производство, како што е производството на керамички цевки. Во 1989 година, „Винербергер“ го објавува здружувањето со „Pipelife“. Истата година компанијата навлегува и во металургијата и абразивните материјали со купувањето на дел од акциите на „ Treibacher Chemische Werke“. Компанијата ја купува и групацијата ОАG, која тргува на големо со санитарна арматура (фитинзи). Аквизициите играат значајна улога во развојот на „Винербергер“ и во неговото преобразување во најголемата индустриска групација во Австрија. Во текот на 90-те години на минатиот век, компанијата има неколку важни аквизиции, вклучително и на дел од „Semmelrock“, специјализиран за производство на камени плочки. На почетокот на деценијата, „Винербергер“ почнува да се интересира и за новоотворениот пазар на земјите од Источна Европа, а во 1990 година повторно стапнува на унгарската територија.     

Современа трансформација – фокус на градежните материјали

Новото управување во почетокот на 90-те години воведува нова стратегија: од една страна, акцентот го става на континуираното проширување, а од друга, се фокусира на дејноста околу основното производство на тули и камени плочки. Следејќи ги овие две стратегии, „Винербергер“ продава голем дел од своите разновидни бизниси, вклучително и групацијата OAG во 1994 година, „Treibacher Schleifmittel“ во 1997 година, како и многу недвижен имот. Со продажбата на бизнисот со гаражи, „Wipark“, и на преостанатиот дел од „Treibacher Industries“ во 2000 година, компанијата се трансформира во целосно специјализирана компанија за работа со градежни материјали. Во 1995 година, „Винербергер“ влегува во Франција со купувањето на „Sturm Group“, со што ги презема производите Terca. На тој начин, компанијата ги зазема водечките позиции на пазарот на фасадни тули во Белгија и Холандија. А во 1996 година добива мнозинска контрола над „Semmelrock“.  

До крајот на деценијата „Винербергер“ ја зазема водечката позиција на пазарот на тули во Европа. Во 1999 година, компанијата прави чекори кон врвот на глобалната листа со купувањето на „ General Shale Inc.“ во САД како и на „ZZ Wancor“ во Швајцарија, а преку „Pipelife“ го добива „Mabo“ – фокусиран на скандинавскиот пазар. Аквизицијата на „Tondach Gleinstätten AG“ и вклучувањето на глинените ќерамиди во портфолиото на „Винербергер“ се покажа како уште едно успешно решение, резултат на далековидоста.

Основана пред повеќе од 200 години, поминувајќи низ многу искушенија и тешкотии за време на двете светски војни, компанијата „Винербергер“ е единствен пример од овој вид. Со квалитетните производи, далековидоста, приспособувањето кон условите, развојот, спојувањето на традицијата со најсовремените методи и технологии за производство не само што се преживува, туку и се станува светски првак во својата бранша. 

Male and female project manager collaborating in front of computer screen at office

Пријава за Newsletter

Претплатете се на нашиот њуслетер и бидете први што ќе ги дознаете најновите вести, производи, игри, итн.
Се што ви треба е да го внесете вашето име и е-пошта!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Најдете дистрибутер

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријавете се за њуслетер

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Продажба