Со обуки за противпожарна заштита и интерактивни активности, Денот на безбедноста ја зајакна нашата посветеност на безбедноста, тимската работа и меѓусебната грижа.
Со обуки за противпожарна заштита и интерактивни активности, Денот на безбедноста ја зајакна нашата посветеност на безбедноста, тимската работа и меѓусебната грижа.
На 24 септември традиционално, во фабриката на ,,Винербергер” во Виница, се одржа Денот на безбедност и здравје при работа, настан посветен на зајакнување на важноста на безбедноста на работното место, а воедно и зајакнување на тимскиот дух меѓу колегите. Како производител на висококвалитетни градежни материјали, знаеме дека безбедноста ни е на прво место, основа на секој успешен ден на работа - a овој настан ја оживеа таа порака.
Годинава, за жал сведоци бевме на многубројни пожари во земјата кои оставија кататрофални последици, затоа овој настан имаше главен фокус и посебни обуки за противпожарна заштита, каде што вработените беа водени од професионалци за тоа како да реагираат во случај на вонредна состојба. Учесниците добија практични упатства за правилно ракување со противпожарни апарати од страна на компанијата ,,Дикос" и стекнаа самодоверба во справувањето со потенцијални опасности од пожар. Овој практичен пристап обезбеди сите да си заминат не само поинформирани, туку и подобро подготвени да реагираат брзо и ефикасно доколку е потребно.
Покрај обуките, имавме серија интерактивни игри и активности со цел да го направат учењето за безбедноста привлечно и незаборавно. Овие активности нагласија брзо размислување, тимска работа и комуникација - потсетувајќи нè дека грижата еден за друг е подеднакво важна како и познавањето на безбедносните процедури.
Споделувањето знаење, соработката за време на игрите и меѓусебната поддршка создадоа атмосфера на единство, зајакнувајќи го нашето верување дека безбедноста е заедничка одговорност.
Со иницијативи како Денот на безбедноста и здравјето при работа, продолжуваме да ја зајакнуваме нашата култура на грижа - заштитувајќи го не само квалитетот на нашите производи, туку, најважно, благосостојбата на секој вработен во компанијата.