Ден на безбедни работни услови

Ден на безбедноста и здравјето при работа во „Винербергер“ – Македонија

Во текот на октомври во фабриката на „Винербергер“ – Македонија во Виница се одбележа Денот на безбедноста и здравјето при работа. 

Настанот беше отворен од страна на производствениот директор и еден од управителите Искра Спасовска која ги поздрави вработените потенцирајќи ги правилата за безбедност и бенефитите од нивното користење. Исто така, вработените беа поздравени и од останатите тројца управители на друштвото   Атанас Буглов, Цанко Миланов и Владимир Златковски со мотото „Работи безбедно и врати се кај семејството безбедно“и ги повикаа да продолжат да ги почитуваат правилата за безбедност. 

Горан Спасов, специјалист за здравје и безбедност, пред сите вработени повторно ги претстави основните правила за безбедност на фабриката во Виница. Учениците имаа предизвик од измешани букви да ги состават основните слогани за безбедност при работата. 

За вработените беше организирана и кратка обука за укажување прва помош доколку е потребно.

Потоа, следуваа интересни интерактивни игри, во кои вработените се вклучија со голем ентузијазам.

За загревање, таборите требаше да распределат купови со отпадоци според правилата за селектирање на отпадот. 

Потоа, следуваше натпревар за најбрзо опремување во работна облека: чевли со зајакнати ѓонови, флуоросцентни јакни и работен шлем. Најбрзите учесници добија привлечни награди.

Во средишниот дел од настанот работните екипи на самото место во фабриката разговараа за основните правила за сигурност во врска со безбедноста на конкретни работни зони во фабриката. Повторивме како правилно да се користат работните клучеви што ги имаат сите вработени, со цел известување за присуството на вработениот во одредена работна зона.

На вработените им беа претставени и основните техники за подигнување тешки предмети. Секој сам ги пробуваше и правилниот и погрешниот начин за да ја увиди разликата.

Пријатна дискусија за темите на безбедноста и попладневниот коктел на кој присуствуваа сите вработени на „Винербергер“ – Македонија го одбележаа крајот на иницијативата. Им благодариме на сите вработени, кои со ентузијазам се одзваа и зедоа учество на овој настан. 

Продажба