Brick Award 2022 - header brick
© Wienerberger

BRICK AWARD: Рекордниот број на пријави ја популаризира архитектурата со тули

› Рекорден број од 789 пријави за 10-то издание на Brick Award
› Интернационално наградување со пријави од 53 земји
› Тулата како модерен и одржлив архитектонски елемент, користен од архитекти низ целиот свет

Виена, 28 април 2021 година - Винербергер АГ гордо објави дека се пријавени рекорден број од 789 проекти за 10-то издание на Brick Award. Основанo во 2004 година, Brick Award е меѓународно познатo архитектонскo наградување со коe се оддава почит на модерната и иновативна архитектура од тули.

Heimo Scheuch presenting the Brick 20 book at the Brick Award 20 Ceremony
Brick Award 20 Book

„Со наградувањето Brick Award ја ставаме модерната, иновативна aрхитектура од тули во центарот на вниманието и им даваме можност на архитектите и дизајнерите од целиот свет да ги демонстрираат своите извонредни проекти. И покрај тоа што е организирана од Винербергер, важно е да се истакне дека наградувањето е независно. Дали проектот е изграден со производите на Винербергер, не е критериум за одлука на жирито. Иновативниот дизајн, концептот на архитектурата, естетиката, одржливоста и енергетската ефикасност се критериуми за оценка. “, објаснува Heimo Scheuch, извршен директор на Винербергер АГ.

Рокот за поднесување на пријави заврши на 8 април 2021 година, со нов рекорд. Поднесени се 789 архитектонски проекти од 53 земји од целиот свет, ова во споредба со пријавите во 2020 година е со раст од 22%. Повеќето проекти беа поднесени од Холандија, Германија и Белгија, земји каде Винербергер има водечка позиција на пазарот. Исто така, од извозните пазари на Винербергер, како што се Шпанија, Иран, Мексико, Аргентина, Бразил и Австралија, беа доставени голем број проекти, кои ја покажуваат независноста и меѓународноста на наградувањето.

Наградите се распределени во пет категории. Повеќето пријави за наградата Brick 22, припаѓаа во категоријата „Feeling at home“ со 29% и „Living Together“ со 27% од вкупните пријави. Останатите категории се „Sharing public spaces”,“, „Working together“ и „Building outside the box”.

Од сите 789 пријави, стручно жири составено од меѓународно реномирани архитекти, ќе избере 50 најистакнати проекти со процес на претходна селекција. Овие проекти ќе бидат објавени во книгата Brick 22 во лето 2022 година. Победничките проекти од категориите и целосниот добитник на Наградата ќе бидат објавени во јуни 2022 година.

Повеќе информации за Brick Award ќе можете да најдете на https://www.brickaward.com/

 

Wienerberger AG (Vienna Stock Exchanger: WIE, Reuters: WBSV.VI, Bloomberg: WIE AV)

Продажба