
› Објавување на 50-те номинации за Brick Award 22
› Рекорден број од приближно 800 пријавени проекти
› Победниците ќе бидат објавени во јуни 2022 година
Виена, 7 октомври 2021 година - Рекорден број од 789 проекти од 53 земји се пријавени на Brick Award 22. Десеттото по ред Brick Award наградување има најголем број на пријави во својата историја, што ја покажува интернационалноста на оваа наградување на архитектура. Потесниот избор на 50 проекти во пет категории се одржа ова лето.
Наградите на Brick Award се доделуваат во 5 категории, во рамките на секоја од нив ќе биде доделена парична награда, како и на севкупниот победник. Победничките проекти во сите пет категории “Feeling at home”, “Living together”, “Sharing public spaces”, “Working together”, “Building outside the box” како и целокупниот победник ќе бидат објавени на официјалната Церемонија во Виена, јуни 2022 година.
На Brick Award 22 се забележува силен европски фокус, 34 од 50-те одбрани проекти се пријавени од европски архитекти, 12 проекти доаѓаат од Азија и 4 номинации од Латинска Америка.