Компанијата „Винербергер“ денес е најголемиот производител на керамички тули во светот, но пред точно 205 години била само идеја. Сепак, голема идеја која станала реалност.
Компанијата „Винербергер“ денес е најголемиот производител на керамички тули во светот, но пред точно 205 години била само идеја. Сепак, голема идеја која станала реалност.
Таа идеја ја имал Алојз Мизбах, австриски градежен инженер кој во Рим ги изучувал техниките на старите Римјани за производство на тули. Враќајќи се дома, на само 29 години, во 1819 година, тој решава да отвори тулана. Туланата го носи името на Виенскиот рид каде што се наоѓа, на германски „Wienerberg“.
За кратко време се покажува дека туланата на Мизбах била почеток на една империја. До 1855 година тој веќе поседува 9 тулани во околината на Виена, во кои работат околу 2.350 работници.
Компанијата постојано граби напред поради тоа што нуди широка палета на производи, меѓу кои ќерамиди, глинени украси, цевки и испечени тули, а зазема и значајно место во дејностите на ископување јаглен, копање канали, како и во градежната индустрија.
Чекор пред сите – од почетоците до денес
Уште од своите почетоци „Винербергер“ се потпирала на технологијата и на размислувањето да се биде чекор пред сите.
Драше бил првиот производител на тули кој ги вовел т.н. „прстенести печки“, во кои глината се печела на температура од околу 1000°С. Исто така, тој бил и еден од првите индустријалци, кој посветувал внимание на социјалниот аспект и освен платата, се грижел вработените да имаат и други придобивки и компанијата градела домови за нив, за да можат да живеат во подобри услови. А овие вредности останале столбови на компанијата до ден-денес.
При крајот на 20. век „Винербергер“ станува еден од водечките играчи на пазарот на тули во Европа, а паралелно ја проширува својата дејност, основајќи или купувајќи фабрики низ целиот свет. Во 2000 година, компанијата се трансформира во целосно специјализирана компанија за работа со градежни материјали.
Основана пред повеќе од 200 години, поминувајќи низ многу искушенија и тешкотии за време на двете светски војни, компанијата „Винербергер“ е единствен пример од ваков вид.
Со квалитетните производи, далековидоста, приспособувањето кон условите, развојот, спојувањето на традицијата со најсовремените методи и технологии за производство таа не само што опстојува, туку и станува светски првак во својата бранша.