historical pictures of brick manufactory at the beginning of 19th century
Palais Herzog von Nassau
Hotel Sacher in Wien

Обраќање на извршниот директор – 200 години „Винербергер“

Во 2019 година „Винербергер“ го слави својот двестоти роденден

Сè започнало во далечната 1819 година со отворањето на фабриката за тули на ридот Винерберг, која два века подоцна стана светска оперативна групација со над 16.000 вработени и околу 200 производствени објекти во 30 држави.

Во 1819 година Алојс Мизбах ги удира темелите на една приказна со успешен крај, приказна во која се раскажува за „Винербергер“, првата тулана во Виена. Двесте години подоцна, Винербергер сè уште продолжува по тој пат.

Во 2019 година се слават два јубилеја: основањето на компанијата пред 200 години и направената прва јавна понуда пред 150 години. Со своите 150 години на пазарот на акции, „Винербергер“ е едно од најстарите акционерски друштва што сè уште постојат во секторот за градежни материјали во Европа.

2019 година е посветена на 200-годишнината од основањето на компанијата. Ние сме среќни што имаме можност да ви овозможиме одблизу да ја видите нашата корпоративна ДНК и нашата историја за време на нашиот јубилеј.

„Винербергер“ и улицата „Рингштрасе“ во Виена

„Винербергер“ ја освојува „Рингштрасе“

Франц Јосиф официјално ја отвара „Рингштрасе“

До средината на 19. век, Виена личела на тврдина. Луѓето од целиот свет, кои доаѓале во космополитскиот град, останувале изненадени кога ќе виделе колку всушност е мал градот, малку поголем од еден кварт во Париз. Патот кон Виена поминувал преку покраините и завршувал кај рововите и монументалните градски ѕидови, кои го опколуваат денешниот прв реон (внатрешниот град). Во 1850 година градот изгледал премал и претесен поради огромниот и постојан прилив на луѓе. Во 1857 година императорот Франц Јозеф, најпосле, под притисок на своите советници, се сложува огромните ѕидови да се срушат и да му се даде можност на градот да се прошири.

Само што била донесена одлуката, работите почнале да се одвиваат со голема брзина. Бил организиран меѓународен конкурс за градско планирање и неколку месеци по склучувањето на договорот, со императорски налог, започнало рушењето на градските ѕидови. За помалку од десет години, на први мај 1865 година, императорот Франц Јозеф официјално ја отвара улицата „Рингштрасе“, иако во тој момент таа не е целосно завршена.

Панорамски поглед од куполата на црквата Свети Чарлс, од каде што се гледаат Виенскиот културен центар на уметностите, Виенското музичко здружение и катедралата Свети Стефан. 

тула на Хајнрих Драше
тула на Хајнрих Драше

Брзиот развиток на градежништвото – мотор што влијае на подемот на „Винербергер“

За тоа време, Виена личи на едно огромно градилиште, што значи дека за краток период се јавил огромен пораст во побарувачката на градежни материјали. Во 1882 година потрошувачката на тули достигнува огромни размери: искористени се 330 милиони единици во тој период, од кои голем процент се произведени од „Винербергер“.

Компанијата, на чело со Хајнрих Драше, не само што го снабдува со градежни материјали градот што бргу расте, туку учествува и во бизнисот со недвижни имоти. На овој начин, се создава совршена вертикална групациска структура. Драше купува парцели земја и гради десет згради на „Рингштрасе“, како и околу 400 станбени згради на земјиште отстапено за проширувањето на градот (т.н. „Појас на Драше“, кој се наоѓа помеѓу Мејдлинг и Кајсереберсдорф). Тулите произведени со знакот Х.Д. – иницијалите на Хајнрих Драше, сè уште можат да се пронајдат во овие згради. 

Хаjнпихсхоф
Хаjнпихсхоф

Хајнрихсхоф – главната квартира на керамичката фабрика „Винербергер“ и на градежната компанија

Наспроти Виенската државна опера, Хајнрих Драше го создава седиштето за управување на „Винербергер“, во т.н. Хајнрихсхоф. Изградено според дизајнот на Теофил Хансен, седиштето се состои од три згради кои заеднички личат на огромна палата. Хајнрихсхоф е речиси уништен при крајот на Втората светска војна, за потоа да биде целосно срушен. За среќа, сите останати згради на Рингштрасе, кои се изградени со тулите на „Винербергер“, остануваат непроменети.

По трагите на „Винербергер“ на виенската улица „Рингштрасе“

Хотел „Империјал“ 

Проектиран од Арноут Зенети и Хајнрих Адам. Зградата е изградена меѓу 1862 и 1865 година и првично била замислена како палата.

Палатата Вертхајм

Индустријалецот Франц фон Вертхајм ја гради зградата во 1864 година. Во 1901 година таа е претворена во станбена зграда со деловен простор. Денес се користи како место за одржување настани.

 Летната палата Хјубнер

Необарокна палата со паркови и поглед кон Виенскиот градски парк, изградена помеѓу 1865 и 1867 година. Се користела за концертни настапи и танци. И ден-денес во неа се одржуваат приеми, свадби и други свечености.

Универзитет и Музеј на применетите уметности

Проектирани од Хајнрих фон Ферстел. Музејот на применетите уметности и Универзитетот до него се изградени во италијански ренесансен стил, меѓу 1867 година и 1871 година. И двете згради и ден-денес се користат за она за што првично биле наменети.

Палатата Епштејн

Изградена од Теофил Хансен за семејство Епштајн меѓу 1868 и 1871 година. Денес се користи од страна на Австриското собрание. 

Палатата Ефрус (Ephruss)

Проектирана од Теофил Хансен, оваа зграда е изградена во 1872 година за богатото семејство Ефрус. Денес во палатата се сместени продавници и кафулиња.

Виенската берза

Во 1877 година зградата на Виенската берза, проектирана од Теофил вон Хансен и Карл Тиетс во класично-ренесансен стил, била отворена со голема церемонија. Во неа повеќе од сто години се наоѓа Виенската берза, а моментално е една од најзначајните административни згради.

„Винербергер“ станува дел од градската слика на Виена

„Винербергер“ во Виена

Виенски Арсенал
Виенски Арсенал

Керамичката уметност – нов бизнис за „Винербергер“

Свежите идеи и иновациите во производството се дел од нашата ДНК од почетокот на основањето на компанијата. Во 1850 година „Винербергер“ ја проширува својата дејност во областа на керамичката уметност и создава фабрика за керамика во Инзерсдорф.

Виенскиот Арсенал е првиот градежен објект, за чија изградба биле користени голем број теракотни елементи произведени од „Винербергер“. Од овој момент па натаму, многу јавни и приватни згради ќе бидат украсени со архитектонски керамички украси.

Нептунската група на покривот на Виенската берза
Нептунската група на покривот на Виенската берза

Керамика: Од масовно производство до уметност

Теофил Хансен, архитект познат по своите згради на „Рингштрасе“, се смета за посредник помеѓу керамичката уметност и масовното производство. Заедно со своите ученици тој проектирал модели на керамички уметнички дела што можеле да се реплицираат и кои потоа се произведувале во фабриката „Винербергер“. На компанијата „Винербергер“ Хансен ѝ имал дадено дозвола да ги користи неговите уметнички дела за секоја намена, со тоа што како надоместок барал само по еден примерок од секое.

На тој начин, каталогот на фабриката за глинени производи постојано се збогатувал и се обновувал. До 1867 година фабриката располага со 20.000 модели изработени од гипс, од кои клиентите можат да изберат и да нарачаат печени керамички фигури и орнаменти/украси. Подоцна кон палетата од производи се додадени и мозаични панели и стаклена керамика. И денес, градската слика на Виена е обележана од производите на фабриката „Винербергер“. Најатрактивните примери можат да се пронајдат на Виенската берза (т.н. Нептунска група која се наоѓа на покривот) и на фасадите на познатите згради долж Вајнцеле (Wienzeile), кои се проектирани од Ото Вагнер.

Кафулето „Milano“ во првиот реон на Виена
Кафулето „Milano“ во првиот реон на Виена

Соработка со керамичка работилница за обука при работење со керамикаNë vitet e 20-ta të shekullit të kaluar spikati një tjetër shembull i mirë bashkëpunimi midis artit dhe prodhimit të qeramikave.

Во текот на 20-те години на минатиот век се забележува уште еден значаен момент на соработката меѓу уметноста и производството на керамика. Дизајнот и производството на керамичка уметност се препродавани во посебна работилница, под раководство на познатиот скулптор Роберт Обсигер. Воедно, со своите ученици и со „Винербергер“, тој создава голем број керамички уметнички дела, на кои луѓето и ден-денес можат да им восхитуваат низ Виена.

Male and female project manager collaborating in front of computer screen at office

Пријава за Newsletter

Претплатете се на нашиот њуслетер и бидете први што ќе ги дознаете најновите вести, производи, игри, итн.
Се што ви треба е да го внесете вашето име и е-пошта!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Најдете дистрибутер

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријавете се за њуслетер

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Продажба