Zapolenik u proizvodnji pregledava stojeve

Локација: Виница

Оглас за вработување

Вработуваме електроничар

Винербергер е најголемиот светски производител на тули и број еден на пазарот на глинени ќерамиди во Европа со речиси 200 производствени локации во 28 земји.
Со цел понатамошен развој на нашиот тим, нудиме можност за вработување на позиција: ЕЛЕКТРОНИЧАР.

Oдговорности:

  • Одржување, сервисирање и поправка на електронски системи и уреди во производниот погон
  • Дијагностика и отстранување на дефекти на електронски склопови, управувачки модули и индустриска електроника
  • Проверка на исправноста на сензори, енкодери, мерни инструменти, фреквентни регулатори, напојувања и комуникациски модули
  • Подесување на мерна и контролна опрема
  • Учество во пуштање во работа на нова опрема и производни линии

Работа со автоматика и PLC системи:

  • Дијагностика и отстранување на дефекти на PLC системи и индустриска автоматика
  • Основно читање и толкување на електрични, шеми
  • Конфигурирање и тестирање на сензори, актуатори, HMI панели
  • Асистенција при промени, надградби и оптимизација на програмите за автоматизација во соработка со инженери по автоматизација
  • Архивирање и ажурирање на резервни копии од параметри и програми на индустриски контролери

Барања за работната позиција:

  • Средно/високо стручно образование – електроника, автоматика, мехатроника или сродна насока;
  • Познавање на индустриска електроника, PLC системи и автоматика
  • Познавање на работа со мерни инструменти и дијагностичка опрема
  • Одговорност и посветеност кон работата
  • Способност за тимска работа и решавање проблеми
  • Подготвеност за работа во производствен погон и работа во смени
Zaposlenik u proizvodnji pregledava strojeve

Ви нудиме:

  • Професионална реализација во меѓународна компанија
  • Можност за обука и зголемување на професионалните вештини
  • Сигурност, праведност и долгорочни работни односи

Аплицирај сега!

Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим испратете ни ја својата кратка биографија или вашето CV на: office.mk@wienerberger.com

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

Сите апликации се сметаат за доверливи.

Продажба