Општите услови за работењето на компанијата Винербергер ДООЕЛ Виница, ул. ИГМ Пролетер 1, 2310 Виница.
Општите услови за работењето на компанијата Винербергер ДООЕЛ Виница, ул. ИГМ Пролетер 1, 2310 Виница.
Производите се испорачуваат врз основа на нарачки и телефонски побарувања на раководителите на продажните подрачја. Доколку КУПУВАЧОТ (ПАРТНЕРОТ или друго правно лице, кое нема склучено Договор за партнерство) не се согласува со продажните и другите услови од фактурата, мора веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена од денот на примање на фактурата, писмено да не извести.
Испораката на производите се врши EXW од складиштето на Винербергер ДООЕЛ Виница, или CPT соодветна дестинација кога се работи за увозни производи од групацијата на Винербергер. Целата стока е палетирана и натоварена во возило. Стоката се испорачува и се продава исклучиво на цели палети, а минималната количина е една палета производи.
Транспортот на стоката КУПУВАЧОТ мора да го врши со соодветно и технички исправно превозно средство , а сите оштетувања на стоката настанати при транспортот не можат да бидат предмет на рекламација (види точка 3).
Квалитетот на испорачаните производи е усогласен со важечките прописи и норми на Република Македонија и со нормите на ЕУ. Се испорачуваат производи со усогласен квалитет и според декларираните својства на производите.
Во случај на недостатоци во поглед на испорачаното количество или на квалитетот на производите, КУПУВАЧОТ може во согласност со раководителот на продажното подрачје да состави рекламациски записник со точни детали за рекламацијата. КУПУВАЧОТ е должен да го повика на увид раководителот на продажното подрачје во што пократок рок, а најдоцна во рок од 90 дена од преземањето на производите. Можат да се признаат само оштетувања на производите настанати при производството или при товарењето на нашето складиште. Оштетувањата што настанале при транспортот, при неправилна обработка на стоката (на пример, удар со чекан или секира) или со неправилно вградување, кое ги опфаќа и подготвителните работи за фина обработка на ѕидовите, не можат да бидат предмет на рекламација. Рекламациите на вградената стока не се признаваат.
Компанијата НА КУПУВАЧОТ му ги одобрува рекламациите само ако за нив постои неусогласеност што е дефинирана со важечките норми и прописи и доколку постои записник и соодветна фото документација.
Цените се применуваат според моментално важечкиот ценовник. Компанијата Винербергер ДООЕЛ Виница. го задржува правото на промена на цените на производите со претходна најава од најмногу 14 дена пред зголемувањето на цените.
КУПУВАЧОТ се обврзува во договорениот рок да ги подмири своите обврски. Се смета дека фактурата е подмирена ако е платена во договорениот рок. Доколку купувачот не го подмири долгот за испорачаните производи во договорениот рок, компанијата Винербергер ДООЕЛ Виница. го задржува правото на купувачот да му ја пресмета законски предвидената затезна камата.
Претплатете се на нашиот Newsletter и бидете први што ќе ги дознаете нашите најнови вести, производи, статии и промоции.
Потребно е да го внесете Вашето име и е-пошта!