Female architect checking door frame on construction site

Топ 10 причини да одберете Porotherm

Во последните неколку години во градежништвото навлегуваат нови технологии и материјали, но керамичките тули со своите традиционални, но модерни карактеристики, се незаменлив производ. Кои се предностите на градежната керамика и што ја прави уникатна?

Еве 10 причини да го направите вистинскиот избор

Icon for facade texture generator tool
традиција и современост

1. Традиционален материјал, но соодветен на современите барања

Историјата на тули е стара колку што е човештвото. Уште античките цивилизации ја отцениле важноста на глината и нејзините инзвонредни својства. Производството на тули датира од 8 век п.н.е., но тулите го достигнаа својот развој во средината на 18 век. Со текот на годините, тулите постојано се развиваат со цел да се се постигнат оптимални карактеристики кои ги исполнуваат се поголемите барања во градежништвото. Ако пред децении очекувањата за тулите претежно беа цврстина и отпорност на временските влијанија, денес се неопходни долготрајност и висока топлинска и звучна изолација како и еколошки својства.

Icon for sustainability, nature, protection, environment, responsibility
Природна термоизолација

2. Природна термоизолација и климатизација

Промените на климата и грижата за намалување на штетните емисии во природата од една страна, како и осиромашувањето на изворите на енергија од друга страна, ја прави темата “ефективна топлинска изолација” исклучително актуелна.

Кога сакаме да ги минимизираме трошоците за топлинска изолација, не можеме да го изоставиме фактот дека ладењето на домот исто така подразбира потрошувачка на енергија, која е поголема од трошоците за греење. Но, природата се погрижила и за тоа, да можеме да си обезбедиме природна климатизација уште кога го создаваме својот дом.  Керамиката има многу добра акумулирачка способност. Благодарение на тоа температурните флуктуации се неутрализираат без потреба од дополнителна потрошувачка на енергија и внатрешната клима се регулира по природен начин.

Тулите Porotherm се произведуваат со додаток на согорувачки состојки (најчесто дрвени струготини) што горат при палење и формираат порозна структура така што топлинско изолационата карактеристика на тулите значително се подобрува. Отворите во внатрешноста на блокот  се вертикално распределени - со ставањето на растворот во хоризонталните фуги, воздухот се затвора во нив и топлинската изолација на блоковите значително се подобрува. На пример на ѕид исполнет со Porotherm 38 N + F Comfort, коефициент на топлопропустливост е 0,27 W / mK, што ги опфаќа најновите барања според тековната регулатива за складирање на топлина и зачувување на енергијата.

Wall cluster icon for acoustic-, interior- and separation walls
звучна изолација

3. Звучна изолација

Поради природноста на суровините од кои се произведуваат, керамичките блокови се со густина помеѓу 650 и 900 кг / м3 и ова гарантира добра звучна изолација на ѕидовите направени со нив. Колку е потежок материјалот, толку поголем дел од воздушниот шум се редуцира од бариерната конструкција, изградена со таков материјал. Кога ќе се додаде и повеќе коморноста на блоковите Porotherm (распределување на керамика-воздух-керамика), звукоизолирачката способност се зголемува за уште 2-3 dB. Лабораториските мерења на ѕидот од тули исполнет со Porotherm 12 N + F покажуваат индекс на звукоизолација 44 dB, а оние на ѕид од Porotherm 25 N + F - 49 dB.

Правилното ѕидање и пополнување на хоризонталните фуги,  како и последователното малтерисување на ѕидовите, придонесува значително за уште подобра звучна изолација.

Icon with protective wall against fire, fire-proof
Заштита од пожар

4. Заштита од пожар

Тулите не горат - тие веќе имаат поминато низ огнот. Масивните конструкции од тули имаат нај висок степен на заштита од пожари во однос на други градежни материјали и што е најважно – при изложеност на оган, ѕидовите од тули ја задржуваат целоста, не емитираат никакви здравствено опасни гасови.

Благодарение на тоа се избегнува можноста за задушување и соодветно на тоа повреди при евакуација.

Барањата за осигурување на границата на отпорност на пожар при критериуми EI 90 минути се исполнуваат со дебелина на ѕид од 125 mm, a REI-M 90 –соодветно со 250 mm.

Icon for weight resistance, durability
Јачина

5. Јачина

Керамичките тули имаат одлични показатели на јачина. Со правилно ѕидање тулите (во комбинација со армиран бетон) се најсоодветен материјал за изградба на носечки конструкции.

Според европскиот стандард за проектирање на конструкции за сеизмичко влијание (Еврокод 8), барањата за ѕидарските единици што можат да се користи во носечките структури е минимална јачина на компресија ≥ 7,5 N / mm2. Единствено полните тули како и некои керамички блокови со вертикални шуплини, на пр. Porotherm MP, одговараат на овие услови.

Wall cluster icon for comfort products
Микроклима

6. Микроклима

Удобноста на домувањето не е само добра заштита од надворешни влијанија, но и како се чувствуваат во домот, оние кои го користат. Определувањето на ова е во голема мера субјективно, но како резултат на голем број на студии, идентификувани се  два вообичаени услови:

Површината на внатрешните sидови треба да биде сува и топла при допир;

Покривната конструкција да не предизвикува алергиски реакции и да немаат непријатни емисии.

Керамичките тули делуваат како природни регулатори на влажност – го апсорбираат вишокот на водена пареа во воздухот, минимизирајќи го чувството за влажен воздух како и опасноста од формирање на мувла. Благодарение на природните материјали користени во производство, керамиката е ph неутрален минерален производ и не содржи супстанции кои предизвикуваат алергиски реакции.

Icon with leaf for nature, sustainability, environment, e4
Еколошки производ

7. Ниска рамнотежна влажност

Степенот на апсорпција на вода на ќерамичките тули Porotherm е висока (16-18%). Благодарение на нивната капиларна структура, тулите исто така брзо и целосно ја оддаваат влагата што ја примале  т.е. „дишат“. Нивната пропустливост на водена пареа е една од највисоките (μ = 5-10). Во пракса конструираните ѕидови се апсолутно суви и зголемената содржина на влага не влијае негативно врз  нивните топло изолациони својства.

8. Екололошки производ

Еколошката рамнотежа на градежните материјали станува се позначајна: колку е еколошки нивното производство; колку долготраен и без штети за животната средина е нивниот век на траење како и колку се безбедни за природата како отпад.

Керамичките тули се изработени од 100% природни материјали - глина, вода и воздух.

Кога се третираат во согласност со управување со градежен отпад, тулите се меѓу најбезбедните и можат со минимална преработка да се користи во инфраструктурните проекти. Блоковите Porotherm се меѓу најеколошките материјали.

Icon for time, chronology, period, duration
Долготрајност

9. Долготрајност

При печење на тулите на температура од над 850ºC доаѓа до хемиска трансформација што доведува до одржливи и временски непроменливи соединенија. Печената керамика е исклучително издржлив и водоотпорен материјал. Со текот на времето, нејзината јачина, густината и термичките перформанси остануваат непроменети.

10. Паметна инвестиција

Монолитните градби од керамички тули се меѓу оние со најдолг период на траење 50-100 години. Архитектонските споменици и наоди од пред новата ера сепак ја побиваат оваа статистика и тулите имаат многу подолг век на траење. Економското образложение е јасно – трошоците за ѕидање ретко надминува 7-8% од вкупните трошоци за изградба, така што повратот на инвестицијата е многу добар. Покрај тоа, масивните структури од тули бараат минимално одржување, нивните технички перформанси се одлични и осигураат квалитетна трајност при оптимална потрошувачка на енергија.

Тулите ја задржуваат својата вредност со текот на годините. Во пракса, објектите направени со керамички тули се трајно наследство и за идните генерации.

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош??

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Најдете дистрибутер

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријавете се за њуслетер

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

1. Традиционален материјал, но соодветен на современите барања

Историјата на тули е стара колку што е човештвото. Уште античките цивилизации ја отцениле важноста на глината и нејзините инзвонредни својства. Производството на тули датира од 8 век п.н.е., но тулите го достигнаа својот развој во средината на 18 век. Со текот на годините, тулите постојано се развиваат со цел да се се постигнат оптимални карактеристики кои ги исполнуваат се поголемите барања во градежништвото. Ако пред децении очекувањата за тулите претежно беа цврстина и отпорност на временските влијанија, денес се неопходни долготрајност и висока топлинска и звучна изолација како и еколошки својства.

2. Природна топлинска изолација и климатизација

Продажба