10 razloga za Tondach
Reference photo of single house in Ustie nad Priehradou 02

12 причини зошто да одберете покрив од Tondach

Со покривниот систем на Tondach до совршени решенија за покрив

Би сакале да ви помогнеме да ја донесете вистинската одлука при реновирање или градба на нов покрив, истакнувајќи 12 добри причини зошто покривот од Tondach е вредна инвестиција.  

  • Керамиката – природен градежен материјал што се грижи за природата
Глина
Глина

Основната суровина за правењето на керамичките ќерамиди на Tondach e  глината – природен ресурс без хемиски додатоци штетни за здравјето и за животната средина.

Во денешно време сè поактуелни се темите на екологијата, природните и биоматеријалите. Но дали вистински размислуваме за тоа што нè опкружува нас и нашите деца? Во брзото секојдневие во кое живееме, сè поретко посветуваме внимание на одржување на нашата врска со природата и на тоа како она што нè опкружува влијае на нашето здравје. Малку се местата каде што можеме да се почувствуваме сигурни и заштитени. Затоа е добро да си обезбедиме барем мирен и пријатен дом, каде што природните материјали сè уште ќе можат да ни овозможат поврзаност со природата. 

  • Екоквалитет – потврдено и со европскиот сертификат „Natureplus“

„Natureplus“ е меѓународна организација за животната средина, чии цели вклучуваат одржлив развој на секторот за домување. Сертификатот „Natureplus“ е меѓународно признаен сертификат, кој го определува степенот на квалитет на градежните материјали. Tondach со гордост го има добиено овој сертификат. 

  • Керамичките ќерамиди се исклучително долготрајни

Керамичките ќерамиди имаат одличен квалитет и цврстина. Најдобриот доказ за тоа се градбите реализирани со системите на Tondach. Технологијата на производство во нашите модерни погони гарантира користење на ќерамидите со децении. Нивниот период на експлоатација е над сто години, а искуствата за цврстината на керамиката како градежен материјал се многу и можат да се видат кај многу архитектонски споменици и објекти со статус на културно наследство.

  • Не само покрив, туку целосен систем

Кога ќе споменеме покрив, прво помислуваме на ќерамиди. Но, квалитетниот и долготраен покрив не се состои само од нив. Тие се основниот дел, кој се дополнува со многу компоненти, кои функционираат синхронизирано во еден целосен покривен систем.

Така, на пример, имаме потреба од завршни елементи како капаци и крајни/завршни ќерамиди, отвори, елементи за вентилација, снегобрани итн. Но, ове е видливиот дел од покривот. Елементите како потпокривната фолија, држачи за фиксирање на ќерамиди и капаци, вентилациски ленти, опшивки се оној невидлив дел, кој помага покривот да функционира како една целина и да нè заштитува од дожд, бури, град и снег. 

  • Погодности за градење нов, НО и за ремонт на стар покрив

Портфолиото на моделите на керамички ќерамиди од Tondach e богато – во него има и ќерамиди со стандарден, и ќерамиди со голем формат. Ќерамидите со голем формат се користат за градење нов покрив, но се особено погодни и при ремонт на стари покривни конструкции.

Ако дрвената конструкција е во прилично добра состојба, има многу предности:

  • Со поголемите димензии на ќерамидите се поставуваат помалку ќерамиди на м2 и со тоа средствата што се инвестираат се помали.
  • Ќерамидите имаат оптимална тежина на м2, со што дрвената носечка конструкција не се оптоварува.
  • Можност и за хоризонтални и за вертикални поправки на ќерамидите со сигурно вклопување, без да има потреба од прераспоредување на контралетвите. 
  • Проверен квалитет – 100% издржливост

Покривот на секоја куќа е изложен на атмосферски влијанија и треба да може да опстои и покрај сите промени низ времето.

Ќерамидите Tondach не пропуштаат вода и имаат висок степен на издржливост на мраз. Тоа е постигнато со комбинација на квалитетни суровини и високотехнолошки производствен процес. Готовите керамички ќерамиди минуваат низ различни тестови за издржливост и гарантираат дека ќе опстојат при сите можни временски услови.  

  • Перфектно дополнувачки компоненти

Сите делови од покривниот систем се произведуваат во согласност со најдобрите практики и технолошки достигнувања, а одделните компоненти перфектно се согласуваат.

Така, на пример, секој модел на ќерамида од Tondach располага со определен избор на задолжителни керамички и некерамички додатоци. Некои од нив се предвидени специјално за конкретен модел ќерамида и се соодветни само за тој модел. Дополнително, има и универзални додатоци кои се грижат за истрајноста на покривот при невреме.

  • Лесна поддршка без постојани реновирања

Првобитната инвестиција во керамички покрив се исплаќа многукратно низ времето. Еднаш поставени, елементите на системот Tondach имаат свој животен век, при што секоја компонента си има свое место и помага во функционирањето на останатите компоненти. Затоа, мала е веројатноста дека ќе дојде до потреба од поправки, како резултат на разместени ќерамиди или на лошо поставени капаци и завршни елементи.

  • Преуредување на таванскиот простор во простор за живеење

Барате начин како да добиете дополнителен простор за живеење во домот?

Одговорот е „поткровје“.

Керамичкиот покрив од Tondach, изграден со сите керамички и некерамички додатоци, го преобразува секој таван во пријатно место за престој, кое му е потребно на секој од нас. Со поставувањето на внатрешна опшивка и со подната термоизолација се заокружува целосната слика на поткровниот простор. 

  • Бои за сечиј вкус – цврстина и долготрајност
Бои за сечиј вкус
Бои за сечиј вкус

Големиот избор на бои може да излезе во пресрет на сите естетски очекувања и да го нагласи сечиј вкус. Се користат енгоби и глазури, кои им ги даваат на ќерамидите посакуваните бои.

Со специјална техника се постигнува потребната цврстина на ќерамидата и посакуваната долготрајност на бојата.

  • 33 години трговска гаранција

Да, токму така, Винербергер обезбедува 33 години трговска гаранција на своите производи Tondach, кога се користи цел покривен систем, со сите задолжителни компоненти.

  • Сигурна експертиза – знаење од изворот

Професионалната консултација и постојана поддршка од страна на нашите технички консултанти е голема додадена вредност. Клиентите добиваат целосна поддршка при градењето нов или при обновувањето на стариот покрив.  

Преку системските покривни решенија на Tondach секој од нас би можел да се радува на сигурноста, на квалитетната изведба и на естетиката, благодарение на кои домот е пријатно место за живеење.

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Најдете дистрибутер

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријавете се за њуслетер

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба