e4 houses in Cisie near Warsaw

Енергетски ефикасни куќи - e4

Wienerberger e4 – куќа на иднината! Во денешно време, при градењето мораат да се задоволат повеќе важни критериуми. Во иднина, на тие критериуми ќе им додадеме уште еден – зградите изградени од 2020 година да имаат нулта потрошувачка на енергија. Звучи интересно, а воедно е и предизвик!

Wienerberger e4 куќа од тули, визија на иднината

е4
е4

КУЌАТА ОД ТУЛИ е4 на Wienerberger е мисла-водилка на енергетски ефикасното градење. Притоа, клучна улога игра изборот на соодветен градежен материјал, со што тие што градат енергетски ефикасен објект не мораат да се откажат од здравото домување, квалитетот на живот и од индивидуалноста. Тулата бескомпромисно го овозможува сето тоа.

Карактеристично за КУЌАТА ОД ТУЛИ е4 2020 е исклучителната топлински изолирана масивна обвивка по нискоенергетски стандард од тулите Porotherm. Едноставниот надворешен ѕид е докажано солиден и не пропушта воздух, а придонесува и за мала загуба на енергија. Покрај тоа, масата на тулата се потхранува со енергија од сонцето токму во преодниот период меѓу летото и зимата и на тој начин ја намалува потрошувачката на енергија. Освен тоа, КУЌАТА ОД ТУЛИ е4 2020 се темели на најмодерната технологија на греење и на куќна техника, како и на обновливи извори на енергија. Исто така, важен фактор во целата приказна е и економичноста, со оглед на тоа што вложувањето во куќа треба да се исплати денес, но и во иднина.

  • Енергија

Енергетската ефикасност на тулата произлегува од две карактеристики. Нашите производи се од природен материјал, кој ја намалува потрошувачката на енергија во производството, а воедно се зачувуваат и природните ресурси. Со нив градиме куќи со оптимална енергетска ефикасност и со минимални топлински загуби.

Големи можности на подрачјето на заштедата на енергија

Тулата POROTHERM ги задоволува прописите за топлинска заштита на објектот и без дополнителен изолациски слој. Групацијата Wienerberger постојано развива производи и нови технологии со чија помош лесно можеме да ја осигуриме усогласеноста со прописите и во иднина, паралелно чувајќи го нашето здравје и околината. Конструктивните решенија на топлински мостови и одличната непропустливост на воздух на куќата POROTHERM дополнително ја намалуваат потрошувачката на енергија и овозможуваат одржливо градење.

  • Екологија

Еколошката ефикасност е темел на групацијата Wienerberger. Куќата од тули придонесува за подобра еколошка ефикасност. Ние правиме производи од природен материјал што најмалку влијаат на околината, затоа што се грижиме за зачувување на природните извори. Обновливите извори на енергија во голема мера ќе ги надоместат необновливите извори на енергија во нашиот производствен процес. Долгорочно гледано, енергетскиот биланс на тулата е исклучително позитивен.

Тулата е идеален материјал за одржливо градење

При собирањето и производството на градежниот материјал, изградбата и одржувањето на зградите, како и при реновирањето или рушењето, потребно е да се внимава на тоа да нема зафати што ѝ пречат и што се деструктивни кон природата. Притоа, од голема важност е намалувањето на оптоварувањето на околината, а особено намалувањето на потрошувачката на енергија.

  • Економија

Економската ефикасност на Wienerberger можете да ја тестирате на повеќе нивоа. Трошоците за градење се мали, пред сè, поради побрзото и поедноставното изведување на работите. Овозможено е долгорочно уживање во квалитетни станбени услови.

Кога со тула ги намалувате трошоците

Изолациските карактеристики на тулата на подрачјето на технологијата на градење, овозможуваат побрзо и порационално градење поради поголемиот формат. Технологијата Porotherm Dryfix се карактеризира со исклучително квалитетно градење што овозможува долгорочни големи заштеди за следните генерации.

  • Емоции

КУЌАТА ОД ТУЛИ e4 не е изработена само со помош на знаењето на Wienerberger, туку и со партнери за проектот. Подготвувана е со голема страст и радост.

Со страст, поради големата архитектонска слобода, дневната светлина во просториите, природното проветрување и здравата внатрешна клима, која ги изедначува минималните температурни отстапувања и влажноста на воздухот.

Со радост, најмногу поради квалитетот на живот и вредностите што опстојуваат за многу нови генерации.

Целосна благосостојба во домот

Станбениот простор е важен дел од квалитетот на нашиот живот. Тулата Wienerberger ја користиме за градење ѕидови како природен, биоклиматски материјал со одлични квалитети. Кај монолитната градба со тула и воздухот во затворените простории е исклучително добар. Освен тоа, подните облоги од тула и исклучително естетските детали од тула околу каминот, му ја даваат на вашиот дом потребната хармонија за пријатно домување.

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Најдете дистрибутер

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријавете се за њуслетер

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Продажба