Сè што треба да знаете за системската опрема од Tondach за да добиете сигурен и долготраен покрив.
Сè што треба да знаете за системската опрема од Tondach за да добиете сигурен и долготраен покрив.
Направивме список на најчестите прашања од ваша страна што стигнувале до нас во врска со покривните додатоци и информативни одговори.
Каква е улогата на системската опрема на покривот?
Системската опрема овозможува правилна вентилација, заштита од влага и временски непогоди и технички исправна изведба на сите детали на косиот покрив. Без неа глинените ќерамиди не можат долгорочно правилно да функционираат. Секој елемент од системот има своја улога, а заедно сочинуваат покрив што трае.
Кои се основните елементи на системската опрема Tondach?
Покривна паропропусна фолија, вентилациски елементи за стреа, билни ќерамиди, заштитни решетки за птици, вентилациска лента за било/гребен, капак, завршни ќерамиди, вентилациски ќерамиди, закопчувалки за ќерамиди, снегобрани итн. Секој од овие елементи решава конкретен проблем – од спречување влага и кондензација, до заштита од снег и невреме.
Како да се избере вистинската опрема за кос покрив со глинени ќерамиди?
Изборот зависи од косината и формата на покривот, моделот на ќерамидите Tondach и техничките барања на проектот. Особено е важно да се води сметка за вентилацијата, заштитата од невреме и правилната изведба на сите отвори. Ако не сте сигурни која комбинација е најдобра за вашиот покрив, нашиот технички тим е достапен за консултација во сите фази од планирањето и градбата.
Дали системската опрема навистина е потребна или доволни се само ќерамиди?
Глинените ќерамиди се основна покривка, но сами по себе тие не се доволни. Вентилацијата на покривот, непропустливоста на местата каде што може да влезе вода и прицврстувањето на ќерамидите за непоместување при силни налети на ветер – сето тоа зависи од правилно вградената системска опрема. Без неа покривот технички не е комплетен.
Можат ли закопчувалките за прицврстување на ќерамидите да се вградат дополнително, без вадење на ќерамидите?
Да, можат. Закопчувалките за прицврстување на ќерамидите Tondach се вградуваат без вадење на ќерамидите и без посебен алат. Дејствуваат како пружина – ја прицврстуваат ќерамидата за дрвената потконструкција при ударите на ветрот, а благодарение на флексибилната врска истовремено го спречуваат пукањето на ќерамидите. Трошокот за вградување закопчувалки е повеќекратно понизок од трошокот за санација на покривот оштетен од невреме.
Зошто билните ќерамиди мораат да се вградат без малтер?
Малтерот го затвора вентилацискиот канал во билото и спречува излегување на топлиот и влажен воздух од потпокривниот простор што директно предизвикува кондензација и оштетување на конструкцијата. Билните ќерамиди Tondach се монтираат со суво вградување на закопчувалки кои ги држат цврсто, а вентилацискиот отвор останува слободен. Покрај тоа, сувото вградување е побрзо и поедноставно и не бара дополнително одржување.
Како функционира вентилацијата на покривот и што е потребно за неа?
Вентилацијата функционира на принципот на природно струење. Ладниот воздух влегува преку вентилациските елементи на стреата, преминува преку вентилацискиот канал под покривот и излегува низ вентилациските отвори во подрачјето на билото и гребенот. За оптимално струење дебелината на контралетвите треба да изнесува најмалку 5 cm. На покривите со косина помала од 25° задолжително во половина распон се поставуваат вентилациски ќерамиди за да се осигура доволно струење на воздух.
Кога се задолжителни снегобраните и како правилно се поставуваат?
Густината на стариот снег може да изнесува и до 300 kg/m² – неконтролираното лизгање од покривот е опасно по живот и може да уништи олуци, возила и сè што ќе се најде под него. Снегобраните се поставуваат во густ распоред над секој покривен отвор, а во деловите со поголемо снежно оптоварување се препорачува нивниот број на квадратен метар да се зголеми.
Зошто покривната фолија е важна и по што се разликува паропропусната фолија од класичната?
Покривната фолија е повеќеслојна мембрана која од горната страна не пропушта вода, а од долната пропушта водна пареа од внатрешноста на објектот кон надвор. Паропропусната фолија што ја нуди Tondach е клучна токму поради таа друга функција: ја спречува кондензацијата во покривната конструкција. Класичните фолии без паропропусност ја задржуваат влагата, што постепено доведува до гниење на дрвената конструкција и предизвикува појава на мувла опасна за стабилноста на целиот покрив.
Мора ли системската опрема да биде Tondach или можат да се користат универзални елементи?
Универзалните елементи постојат, но носат ризик за неусогласеност со ќерамидите и пократок век на траење. Оригиналната опрема Tondach е изработена од истиот материјал како и ќерамидите Tondach – имаат иста боја, енгоба и трајност. Применлива е за сите косини на покрив, отпорна е на УВ-зрачење, на сите временски услови и не бара дополнително одржување.
Контактирајте не слободно и со доверба. Ние сме отворени за соработка! :)