Nova generacija brušene opeke
Urban roofers applying roof underlay sheet wearing hard hat and safety jacket brick chimney

Покривни фолии

Покривните фолии на Tondach се совршено решение за секундарен покрив. Добро изведената потконструкција на покривот ги намалува трошоците за енергија, а ги зголемува квалитетот, трајноста и вредноста на недвижноста.

Покривните фолии се повеќеслојни мембрани кои од горната страна се водоотпорни, а од долната страна се пропустливи на пареа. Го спречуваат пробивањето на дождот, снегот и нечистотијата во просторот под покривот и на тој начин ја штитат топлинската изолација и покривната конструкција.

Со еднонасочната пропустливост на пареа, покривните фолии сигурно ја изнесуваат пареата надвор од објектот и на тој начин ја спречуваат кондензацијата на пареата на топлинската изолација или оплатата и создавањето мувла, која предизвикува распаѓање на покривната конструкција, што може да биде исклучително опасно за стабилноста на целиот покрив.

Правилно поставените покривни фолии стануваат монолитна мембрана која го спречува посилното струење на воздухот. Воздухот заробен под мембраната станува совршен изолатор и ја подобрува енергетската ефикасност на покривот.

Предности на покривните фолии на Tondach

  • Не даваат отпор на поминувањето на водената пареа од внатрешниот простор во околината.
  • Незапаливи се.
  • Отпорни се на оштетувања и истегнувања.
  • Температурна постојаност.
  • На покривот, можат да бидат изложени на временски услови пред неговото крајно покривање, без да ги изгубат нивните својства.
Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Најдете дистрибутер

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријавете се за њуслетер

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба