Покривите во Македонија имаат оптоварување од 265 kg, 295 kg, 335 kg по m² а често дури и повеќе.
Покривите во Македонија имаат оптоварување од 265 kg, 295 kg, 335 kg по m² а често дури и повеќе.
Покривите во Македонија имаат оптоварување од 265 kg, 295 kg, 335 kg по m² а често дури и повеќе. Тежината на кровниот покривач независно од неговиот вид во однос на максималното оптоварување кое се јавува во зима, не претставува значајна ставка. Така да тежината на кровниот покривач е минимална компонента за неговиот избор.
Тежината на кровниот покривач од Tondach во просек е од 42 kg/m². Tondach обезбедува убедлива и сигурна предност кога станува збор за естетика, здржливост на надворешните влијанија и трајност.
Во зима, под влијание на температури под 0°C, капките вода се кристализираат и на тој начин тие паѓаат во вид на снег. Поради ниските температури кровниот покривач независно од неговиот вид, се лади и снегот кој паѓа се задржува и создава снежна покривка. Оваа снежна покривка може да се преобрази и да создаде ледена облога и тоа од 10-20 cm дебел мраз. Оваа преобразба се должи на ниските температури во просторот во подкровјето а делумно и поради термоизолационите својства на снегот.
Кога се затоплува времето, растат и температурите на таванот, тоа влијае на греење на покривниот покривач и започнува топењето на снегот. Затоа неопходно е да имате снегобрани и елементи за разбивање на снег. Тие се основни составни елементи на секој покрив, воедно и важен одбранбен механизам. Тие го спречуваат неконтролираното лизгање на снегот од покривот и даваат убава хармонична целина на покривот
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску
Не ги пропуштајте најновите вести од нас