Со покривниот систем на Tondach до совршени решенија за покрив

Со покривниот систем на Tondach до совршени решенија за покрив
Основната суровина за правењето на керамичките ќерамиди на Tondach e глината – природен ресурс без хемиски додатоци штетни за здравјето и за животната средина.
Во денешно време сè поактуелни се темите на екологијата, природните и биоматеријалите. Но дали вистински размислуваме за тоа што нè опкружува нас и нашите деца? Во брзото секојдневие во кое живееме, сè поретко посветуваме внимание на одржување на нашата врска со природата и на тоа како она што нè опкружува влијае на нашето здравје. Малку се местата каде што можеме да се почувствуваме сигурни и заштитени. Затоа е добро да си обезбедиме барем мирен и пријатен дом, каде што природните материјали сè уште ќе можат да ни овозможат поврзаност со природата.
„Natureplus“ е меѓународна организација за животната средина, чии цели вклучуваат одржлив развој на секторот за домување. Сертификатот „Natureplus“ е меѓународно признаен сертификат, кој го определува степенот на квалитет на градежните материјали. Tondach со гордост го има добиено овој сертификат.
Керамичките ќерамиди имаат одличен квалитет и цврстина. Најдобриот доказ за тоа се градбите реализирани со системите на Tondach. Технологијата на производство во нашите модерни погони гарантира користење на ќерамидите со децении. Нивниот период на експлоатација е над сто години, а искуствата за цврстината на керамиката како градежен материјал се многу и можат да се видат кај многу архитектонски споменици и објекти со статус на културно наследство.
Кога ќе споменеме покрив, прво помислуваме на ќерамиди. Но, квалитетниот и долготраен покрив не се состои само од нив. Тие се основниот дел, кој се дополнува со многу компоненти, кои функционираат синхронизирано во еден целосен покривен систем.
Така, на пример, имаме потреба од завршни елементи како капаци и крајни/завршни ќерамиди, отвори, елементи за вентилација, снегобрани итн. Но, ове е видливиот дел од покривот. Елементите како потпокривната фолија, држачи за фиксирање на ќерамиди и капаци, вентилациски ленти, опшивки се оној невидлив дел, кој помага покривот да функционира како една целина и да нè заштитува од дожд, бури, град и снег.
Портфолиото на моделите на керамички ќерамиди од Tondach e богато – во него има и ќерамиди со стандарден, и ќерамиди со голем формат. Ќерамидите со голем формат се користат за градење нов покрив, но се особено погодни и при ремонт на стари покривни конструкции.
Ако дрвената конструкција е во прилично добра состојба, има многу предности:
Покривот на секоја куќа е изложен на атмосферски влијанија и треба да може да опстои и покрај сите промени низ времето.
Ќерамидите Tondach не пропуштаат вода и имаат висок степен на издржливост на мраз. Тоа е постигнато со комбинација на квалитетни суровини и високотехнолошки производствен процес. Готовите керамички ќерамиди минуваат низ различни тестови за издржливост и гарантираат дека ќе опстојат при сите можни временски услови.
Сите делови од покривниот систем се произведуваат во согласност со најдобрите практики и технолошки достигнувања, а одделните компоненти перфектно се согласуваат.
Така, на пример, секој модел на ќерамида од Tondach располага со определен избор на задолжителни керамички и некерамички додатоци. Некои од нив се предвидени специјално за конкретен модел ќерамида и се соодветни само за тој модел. Дополнително, има и универзални додатоци кои се грижат за истрајноста на покривот при невреме.
Првобитната инвестиција во керамички покрив се исплаќа многукратно низ времето. Еднаш поставени, елементите на системот Tondach имаат свој животен век, при што секоја компонента си има свое место и помага во функционирањето на останатите компоненти. Затоа, мала е веројатноста дека ќе дојде до потреба од поправки, како резултат на разместени ќерамиди или на лошо поставени капаци и завршни елементи.
Барате начин како да добиете дополнителен простор за живеење во домот?
Одговорот е „поткровје“.
Керамичкиот покрив од Tondach, изграден со сите керамички и некерамички додатоци, го преобразува секој таван во пријатно место за престој, кое му е потребно на секој од нас. Со поставувањето на внатрешна опшивка и со подната термоизолација се заокружува целосната слика на поткровниот простор.
Големиот избор на бои може да излезе во пресрет на сите естетски очекувања и да го нагласи сечиј вкус. Се користат енгоби и глазури, кои им ги даваат на ќерамидите посакуваните бои.
Со специјална техника се постигнува потребната цврстина на ќерамидата и посакуваната долготрајност на бојата.
Да, токму така, Винербергер обезбедува 33 години трговска гаранција на своите производи Tondach, кога се користи цел покривен систем, со сите задолжителни компоненти.
Професионалната консултација и постојана поддршка од страна на нашите технички консултанти е голема додадена вредност. Клиентите добиваат целосна поддршка при градењето нов или при обновувањето на стариот покрив.
Преку системските покривни решенија на Tondach секој од нас би можел да се радува на сигурноста, на квалитетната изведба и на естетиката, благодарение на кои домот е пријатно место за живеење.
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску
Не ги пропуштајте најновите вести од нас