This Browser is no longer supported. Please switch to a supported Browser like Chrome, Firefox, Safari or Edge.
Вашиот избор
Тerca фасадна тула
„Винербергер“ испорачува разновидни производствени програми на фасадни клинкер-тули за фасади, градини, тераси и отворени површини, кои се користат како ѕидни елементи што создаваат идентитет. Богатиот избор на бои, форми и површини во комбинација со разни начини на поставување и бои на фуги овозможуваат безброј можности за дизајн.
Terca клинкер – израз на индивидуалност во градењето
Клинкер-тулата Terca е тула произведена од специјални видови обоена глина печена при температура од 1.100 °C. Притоа, настанува многу тврд материјал, подеднакво издржлив и на физички, и на хемиски оптоварувања. Но, важно е да се истакнат и нејзините декоративни својства, првенствено поради фините нијанси на бои во слоевите на глината.
Клинкер-тулата Terca, поради нејзините исклучителни својства, може да се користи при изработка на фасади, ѕидови и подни површини.
Гаранција на квалитетот и трајноста на тулите на „Винербергер“, секако, е и фактот што одговараат на барањата на EN 771-1 и подлежат на опсежна производствена контрола во нашите производствени погони. Таквата контрола, дополнета со стручно следење на целиот производствен процес, обезбедува одлични карактеристики на готовите производи и гарантира трајност на избраниот материјал.
Фасадни и внатрешни sидови
Фасадната тула примарно служи како заштитен слој од временските влијанија и придонесува за заштита од летната горештина. Освен тоа, мора да биде отпорна на ударите од дождот, притисокот и продорот од ветровите, а покрај тоа придонесува и за звучна изолација на целата конструкција. Освен тоа, фасадната тула е делумно изложена и на значителни температурни разлики.
Првичната функција на носечките ѕидови од клинкер-тулата Terca е носивоста. Тие од надворешната страна се заштитени од временските влијанија и се изложени на многу мали температурни разлики. Покрај добрата звучна изолација ги одликува, пред сè, и способност за акумулација на топлината и мал отпор на дифузијата на водената пареа, што овозможува здраво домување и пријатна клима. Освен тоа, носечките ѕидови од клинкер-тула служат за постигнување и одржување пријатна и изедначена клима при домувањето. Токму поради тоа се препорачува носечките ѕидови од тула да се изведуваат со дебелина од минимум 20 cm и тоа со клинкер-тула со вертикални шуплини, која има поволни својства во поглед на звучната изолација.
Фасадниот ѕид треба да се изгради од материјал со минимална впивливост на вода (максимум до 6%) отпорен на замрзнување, а таква е клинкер-тулата Terca.