Smiling man looking through a glass globe facing camera

Porotherm 25 N+F со „дополнителна“ термоизолација

Последователното одделување на слоевите на надворешниот ѕид е поинаков начин за покривање на барањата на надворешните ѕидови. Тука секој слој има посебна функција и одговара за исполнување на одреден индикатор. 

  • Внатрешната страна се состои од ѕид од тули со дебелина од 25 cm и термоизолациски систем, кој се поставува од надворешната страна.

Ѕидот од тули однатре се измазнува. На тој начин термоизолацискиот систем ќе ја обезбеди неопходната термоизолација и ќе заштити од надворешни влијанија, а ѕидот од тули ќе придонесе за цврстината и трајноста на ѕидот.

Изборот на термоизолациските системи на пазарот е голем – според видот на користениот термоизолациски материјал и според завршното покривање. 

Porotherm 25 N+F
Porotherm 25 N+F

Освен цената, основните прашања при изборот на термоизолациски системи најчесто се:

  • Како се решава прашањето на нивното меѓусебно функционирање?
  • Каква сигурност и долготрајност гарантираат?
  • Колку се огноотпорни?
  • До кој степен обезбедуваат пропустливост на водените испарувања?

Од практична гледна точка, повеќето термоизолациски системи обезбедуваат речиси ист степен на термоизолација при една иста дебелина на термоизолацискиот слој. Тогаш на дневен ред доаѓаат останатите карактеристики на материјалот.

Задачата на керамичкиот ѕид на прв поглед изгледа лесна – да ја осигура цврстината на ѕидот. Повеќето тули се справуваат со тоа. Но, со тоа не се исцрпува улогата на керамичкиот ѕид. Тој треба да обезбеди сигурна основа за прицврстувањето на спојките на термоизолацискиот систем. 

Дома
Дома

Со својот густ растер на внатрешните ѕитчиња, како и со дебелиот надворешен ѕид на блокот, Porotherm 25 N+F обезбедува здрава основа за прицврстувањето на спојките на термоизолацискиот систем – за разлика од тулите со хоризонтални шуплини, кои имаат тенки внатрешни ѕидови и големи растојанија меѓу внатрешните прегради. 

Како и кај останатите блокови на Porotherm, така и кај Porotherm 25 N+F при производството на блокот се користат дрвени струготини, кои ја прават керамиката порозна, со оглед на тоа што на тој начин се подобрува термоизолациската способност и се овозможува намалување на дебелината на термоизолацискиот систем.

Ѕидот изграден со Porotherm 25 N+F  има поголема густина во споредба со ѕидовите изградени со тули со хоризонтални шуплини. Така, термоакумулациската способност е поголема и при драстична промена на температурата на воздухот во просториите се зачувува повеќе топлина.

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Најдете дистрибутер

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријавете се за њуслетер

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба