Често поставувани прашања за тулата и системите Porotherm
Често поставувани прашања за тулата и системите Porotherm
Тулата Porotherm PROFI е прецизно дупчена тула со исклучителни топлински карактеристики. Таа е спој на природни материјали, глина, песок и струготини и на врвна технологија на изработка, па затоа е револуционерен производ на нашиот пазар. Како врзувачко средство се користи тенкослоен малтер и лепило Porotherm DRYFIX. Extra.
Како прво, тоа се одличните термоизолациски својства, кои овозможуваат куќата на зима полесно да се лади, а на лето бавно да се загрева. Потоа, специјалните врзувачки средства што се нанесуваат со посебни алати, чија употреба е многу едноставна, лесна и брза. Освен тоа, особено важна придобивка е и дополнителната заштеда за инвеститорот на малтер, од кој за просечна куќа се потребни околу 10.000 литри. Со употребата на тулата Porotherm PROFI за надворешните носечки и за внатрешните преградни ѕидови, се добива совршена и беспрекорна површина, како и уредно и чисто градилиште.
Системот Porotherm PROFI е пласиран на пазарот по опсежни испитувања, кои компанијата Wienerberger ги има спроведено во сорaботка со ИГХ Загреб. Притоа, испитана е цврстината на ѕидот под притисок, цврстината на ѕидот под дејство на развлекување и отпорноста на ѕидовите на силите на земјотрес.
Со тулата Porotherm PROFI можат да се градат нискоенергетски куќи. Притоа, уште во идејната фаза важно е во соработка со проектантите да се предвиди и следното:
Ѕидовите Porotherm може дополнително да се изолираат со топлински гипс или со изолациски плочи, затоа што на тој начин се остваруваат дополнителни заштеди на енергија и многу лесно се доаѓа до граница на енергетски независни куќи, што е многу тешко да се изведе во комбинација со класичната тула.
Со системот за градење Porotherm PROFI можат да се користат два видови врзувачки средства Porotherm:
Лепилото Porotherm DRYFIX.extra е револуционерно решение што се користи наместо малтер. Хоризонталните споеви се лепат исклучително цврсто со лепилото DRYFIX на дупчената тула. Со ваквиот извонредно брз и сув DRYFIX начин на обработка на брусената тула, може да се ѕида и при температура од -5°С. Лепилото Porotherm DRYFIX.extra е многу едноставно за употреба и во секое време е подготвено за користење.
Тулата Porotherm S е порозна тула што е добиена со развојот на технологијата на производство на блок-тули. Во постапката на производство, покрај глината се користи и песок и струготини, што резултира со тули во блокови кои се со значително помала специфична тежина од традиционалните блокови на тули. Топлинските својства на тулата Porotherm S овозможувата нејзино едноставно вклопување во топлинските прописи, а намалената габаритна тежина кон производство на блокови за побрзо градење. Вертикалните споеви меѓу тулите Porotherm S мораат во целост да се пополнат со малтер по целата висина на ѕиданиот елемент и во целата ширина на малтерскиот џеб. Ѕидните елементи се поставуваат еден до друг со систем за спојување.
Тоа значи дека под името Porotherm влегуваат:
Носечките ѕидови Porotherm доаѓаат во дебелина на елементите од тула од 50, 44, 38, 30 и 25 cm. Тулата Porotherm треба да се ѕида во правилен ѕидарски вез. Најдобро е кога со ѕидниот елемент под парен реден број го преклопуваме ѕидниот елемент со непарен реден број за 50%. Висината на ѕидот треба да се контролира со летва на која се означени вредностите на висинскиот растер – 25 cm и да се порамнува со гумен чекан, а далечинскиот растер треба да се контролира со летва на која е означен далечинскиот растер – 12,5 cm.
За изведување на аглите препорачуваме бетонски агол кој служи наместо оплатата при бетонирање на вертикалните серклажи. При бетонирањето на вертикалните серклажи, потребно е долниот дел да се исчисти од малтерот. За да се избегне појавата на топлински мост, потребно е дополнително да се изолира елементот за вертикален серклаж, а од надворешните страни да се обѕида со тула, на пример со Porotherm 8. За подобро поврзување на ѕидовите преку аглите и за зацврстување на облогите од серклаж, препорачуваме армирање со шипка 1 Ø 6 mm во секој втор хоризонтален спој.
Спојувањето на надворешните и внатрешните ѕидови POROTHERM мора да биде круто за да може со цврста врска да се овозможи пренос на силите и со тоа конструкцијата да функционира како просторен систем. Таа крута врска се остварува на следниот начин: во носечкиот ѕид потребно е да се направи длабнатина за да се обезбеди врската меѓу носечките ѕидови во двете насоки. Длабнатината се исполнува со малтер во кој се ставаат елементи од спротивната насока. Големината на длабнатината зависи од материјалот на ѕидот. Ако ѕидот е од тула, длабнатината треба да биде минимум 5 cm.
Елементите од тула Porotherm за преградни ѕидови се дел од системот на тули за градење Porotherm и во целост се компатибилни со него. Се одликуваат со големи димензии и со запчен систем за едноставно вградување. Изградени се од порозна тула, па се полесни во однос на класичните ѕидни елементи од тула.
Ѕидните елементи од тула треба да се ѕидаат во правилен ѕидарски вез. Исклучителната рамност на површините ги прави ѕидните елементи Porotherm добар избор за преградни ѕидови, затоа што ја намалуваат потрошувачката на гипс при завршната обработка. При ѕидањето со Porotherm, врската во вертикалниот малтерски спој ја остваруваме со сув спој, благодарение на системот за спојување. Притоа, растојанието меѓу ѕидните елементи не смее да биде поголемо од 5 mm.
Спојот на носечкиот и преградниот ѕид Porotherm може да се оствари и без дополнително обработување на конструкцијата на носечкиот ѕид. Во овој случај, врската се остварува со користење на метални или арматурни шипки Ø 8 mm во зависност од материјалот на носечкиот ѕид. Металната спојка или шипка се вградува во секој втор хоризонтален малтерски спој за време на изведувањето на носечкиот ѕид од тули. Спојката, односно шипката по скица се поставува на местото предвидено за закотвување на преградниот ѕид, па се зацврстува со малтер во хоризонталниот малтерски спој на преградниот ѕид. Металната спојка свиена во форма на буквата L, се прицврстува со соодветна завртка и типла во носечкиот ѕид. Спојка се става во секој втор хоризонтален малтерски спој на преградниот ѕид.
Надвратниците од тула Porotherm се состојат од хоризонтални шуплини и армирано-бетонски јадра, а служат за премостување на ѕидните отвори. Арматурата на надвратниците технички е преднапрегната, а микробетонот (C 40/50) е приспособен на статичките барања. Надвратниците се произведуваат во должини од 0,75 до 3 m. Хоризонталната шуплина под должината на надвратникот овозможува добри термоизолациски својства, па на тој начин се намалува топлинскиот мост и потребата од дополнителна изолација.
Таванскиот систем Porotherm е полумонтажна таванска конструкција со бројни предности во однос на класичниот таван. Таванскиот систем го сочинуваат таванските пополнувања Porotherm 60, поставени измеѓу монтажните и преднапрегнатите носечки греди, а плочата под притисок се бетонира на лице место, при што бетонот го исполнува просторот меѓу таванските пополнувања и се формираат тавански ребра. Основните карактеристики на таванот Porotherm се високата носивост, помалите отклонувања, помалото количество на арматура, брзото градење, помалите трошоци за транспорт, поголемата висина на елементот од тула (подобра топлинска изолација), подобра звучна изолација и огноотпорност, како и конкурентна цена.
За распони поголеми од 3 m, таванскиот систем треба да се прицврсти со попречно ребро за стегање. Бетонското ребро се формира над подлошката Porotherm и се армира надолж ребрестата арматура 4 Ø 10 mm и спојките Ø 8 mm / 25 cm. Подлошката Porotherm е елемент што го комплетира системот Porotherm, а се користи наместо оплата за бетонирање на попречното ребро за стегање. Освен висината, која изнесува 10 cm, останатите димензии се исти како кај таванското пополнување Porotherm 60.
Пред бетонирањето на плочата под притисок, потребно е спојките да се подигнат за 45°, за да можат да ја преземат својата функција во носењето на попречните сили. За врската измеѓу таванската конструкција и хоризонталниот серклеж, се предвидува врзувачка арматура по периметарот на таванот која се закотвува во таванот и серклежот најмалку со ребреста арматура 1 Ø 8 mm по секоја греда. Должината на шипката што навлегува во бетонската плоча изнесува најмалку 80 cm.
Гредите Porotherm треба да се потпираат така што пред бетонирањето на плочата под притисок во половина распон да имаат надвишување L/300. Потпирањето се спроведува со систем на потпирачи што се поставуваат на растојание од 150 cm. Потпирањето треба да се планира така што потпирачите треба да се постават под подлошката Porotherm, затоа што тие, поради тоа што мораат да ја задоволат функцијата на изгубената оплата, имаат помала носивост од пополнувањето Porotherm 60. Потпирачите смеат да се отстранат кога бетонот ќе ја достигне предвидената цврстина под притисок, но не порано од 21 ден по бетонирањето.
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску
Не ги пропуштајте најновите вести од нас