Porotherm 30 Profi – исклучителна топлинска изолација, акумулација на топлина, сигурност и квалитет

Porotherm 30 Profi – исклучителна топлинска изолација, акумулација на топлина, сигурност и квалитет
Поради изразено високите изолациски својства, заштедата на енергија за климатизација и за греење за 40%, намаленото време за градење до 50%, како и поради оригиналниот систем на отпорност на земјотрес, претставуваат најдобра тула за изградба.
Иако на подрачјето на Медитеранот, поради просечно потоплите и пократките зими од тие на континентот, веќе со децении се ѕида со блок со дебелина од 25 cm, реалноста укажува дека поради сè подолгите и сè потоплите лета и зголемените потреби за климатизација, оптималната тула за поднебјето на Медитеранот е иста како и таа за градење на континентот; 30-сантиментарскиот блок Porotherm Profi или Porotherm S Plus, кој одлично изолира, штеди енергија и има посебен состав за отпорност на земјотрес.
Заштедата на енергија за климатизација на лето и зачувувањето на топлината за време на зимските бури, како и отпорноста на земјотрес, се условите кои поради специфичноста на поднебјето и еколошките услови би требало да ги оствари секоја медитеранска зграда.
Освен што ги задоволуваат сите топлинско-изолациски услови во градежништвото, блоковите Porotherm се однесуваат како акумулатори на летната топлина што ја испуштаат на зима, додека во жешките месеци ја задржуваат свежината. Природните „клима-уреди“ Porotherm создаваат единствена пријатна атмосфера за домување и придонесуваат за врвен квалитет на живеењето во становите и куќите градени со Porotherm.
Дупчената тула Porotherm Profi со специјалното врзувачко средство (лепило) и системот на малтерски џебови кај тулата Porotherm S Plus овозможуваат подобро поврзување на тулите и до 5 пати поголема отпорност на зградите на земјотрес, па затоа овие иновативни блокови се оптимални за градење на подрачјето на цела Македонија, каде сеизмичката активност е изразена.
Дополнителна предност е димензијата на блокот кој е за 25% повисок од класичниот, па овозможува заштеда на време при градењето до 30%.
Контактирајте нè и дознајте повеќе за иновативните решенија, советувајте се со стручни лица од подрачјето на енергетската ефикасност, испратете проект за бесплатна пресметка на материјалите, дознајте сè за сертифицираните изведувачи на компанијата Wienerberger.
Контактирајте ги нашите претставници за продажба!
Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску
Не ги пропуштајте најновите вести од нас