Terra Cotta Studio; Brick Award 2018 Category Winner Category "Working Together"; Tropical Space, Photo:  Oki Hiroyuki

Wienerberger Brick Award 2018

Победниците на Wienerberger Brick Award 2018 воодушевија со нивните храбри и креативни концепти на одржливи и перспективни простори за живеење.

Архитектурата дава решенија за општествени промени

Brick Book
Brick Book 2018

Виена, 28 мај 2018 г.

Архитектурата има важна посредувачка улога при конфигурирањето на врските меѓу луѓето и градбите што ги опкружуваат во просторот. Особено во урбаните области, видлива е потребата за иновативни пристапи и за креација на привлечни станбени и работни средини. Архитектурата постојано треба самата да се редефинира, работејќи со нови форми, материјали и концепти. Освен естетските аспирации, таа се соочува и со строгите технички регулации, како и со побарувачката на сè повисок квалитет. Одговорите на прашањата на одржливоста, како што се енергетски ефикасните градби и можноста за рециклирање, во денешно време се очигледни и задолжителни. Во исто време, достапноста на живеалиштата е од особена важност и постојано треба да се има на ум.

Наградата Wienerberger Brick Award ги поддржува иновативноста и креативноста

Наградата Wienerberger Brick Award им дава можност на архитектите од целиот свет да ги покажат своите модерни и иновативни архитектонски решенија со керамички материјали. Нејзината цел е да ги инспирира како архитектите, така и луѓето, да ги споделуваат своите дизајнерски концепти и да истражуваат нови начини за остварување на желбите поврзани со градењето. Во 2018-та година, осми пат по ред „Wienerberger“ ја претставува оваа меѓународно призната награда. Беа пријавени околу 600 проекти од 44 земји, со особено силен европски фокус.

Архитектурата мора да се фокусира на човечките битија и нивните потреби

„Пријавените проекти оваа година го воодушевија жирито со иновативниот дух и квалитет. Тие се храбри и креативни архитектонски концепти за одржливи и перспективни простори за живеење, притоа секогаш земајќи ја предвид најважната референтна точка во архитектурата – индивидуата. Кога се креираат нови простори за живеење, основниот фокус треба да биде на човечките битија и нивните потреби. Горди сме што голем дел од иновативните урбани проекти одат во пресрет на моменталните општествени предизвици, користејќи природни керамички материјали за градење, за да создадат достапни, висококвалитетни средини за живеење“, коментира Хајмо Шојх, генерален извршен директор на „Wienerberger AG“, опишувајќи ги интернационалните проекти.

Оваа година седум проекти беа наградени со Wienerberger Brick Award.

Наградите беа поделени во следните категории: „Feeling at home“, „Living together“, „Working together“, „Sharing Public Spaces“ и „Building outside the box“. Последната категорија е посветена на проекти кои имаат иновативни концепти и начини за користење на тулата, кои користат нови технологии за градење или уникатни тули и украси.

Наградниот фонд е во вкупна вредност од 34.000 евра.

Наградниот фонд е во вкупна вредност од 34.000 евра за петте категории, вклучително и за Големата награда и Специјалната награда. По завршувањето на рокот за пријава, независно жири избра 50 од сите пријавени проекти. Од оваа кратка листа на проекти, жирито составено од петмина меѓународно признати архитекти, ги избра победниците.

  • Категорија „Living together“

Локација: Антверпен, Белгија

Архитект: студио „Tony Fretton Architects“, Обединето Кралство

Вид на тула: Фасадни тули

Оваа година, два проекти ја освоија Големата награда. Едната награда отиде кај Кулите Весткаај (Westkaai Towers) 5 и 6 на архитектонското студио „Тони Фретон“ (Tony Fretton Architects). Лоцирани во Белгија – кулите се дел од поголем станбен проект во рамки на новооснован кварт. За да се одбегне повторувањето на фасадите на Кулите Весткаај 5 и 6, при користењето на тулите, применет е едноставен мотив со неверојатен ефект. Благодарение на користењето на тулите, создаден е целосно монументален израз, комбиниран со индивидуална фасада. Проектот е победник и во категоријата „Living together“.

  • Категорија „Sharing public spaces“

Локација: Базел, Швајцарија

Архитект: Christ & Gantenbein“, Швајцарија

Вид на тула: Фасадни тули и глинени блокови

Добитникот на втората Голема награда, екстензијата на Музејот на уметноста во Базел на студиото „Крист и Гатенбајн“ (Christ & Gantenbein) од Швајцарија, добро се вклопува во постоечката зграда. Самостојната структура од сива тула е поврзана со подземна сала со главната зграда. ЛЕД-светилките, интегрирани во релјефните канали, изработени од моделирани тули на фасадата, ги информираат минувачите за тековните изложби. Дополнително, овој проект е победник и во категоријата „Sharing public spaces“.

  • Категорија „Feeling at home“
  • Категорија „Working together“

Локација: Диен Фуонг, Виетнам

Архитект: Tropical Space“, Виетнам

Вид на тула: керамички блокови

Студиото „Тера кота“ на архитектонското студио „Тропикал спејс“ (Tropical space) е живеалиште и работно место на познат керамички уметник во Виетнам. Победник во категоријата „Working together“, оваа коцка од тули во близина на река има полици од бамбус, кои ги заштитуваат уметничките дела во неа од евентуално поплавување. Необичната перфорација на фасадата привлекува внимание уште на прв поглед и му овозможува на ветерот да минува низ работниот простор и природно да го лади. Зградата е комбинација на работен простор и домашна атмосфера.

  • Категорија „Building outside the box“

Локација: Stockholm, Sweden

Архитект: „U.D. Urban Design AB“, Шведска и „Gottlieb Paludan Architects“, Данска

Вид на тула: Керамички фасадни панели

Добитник на наградата во категоријата „Building outside the box“ е Заводот за биоенергија Вертен (Värtan Bioenergy CHP) на архитектонските студија „У.Д. Урбан дизајн“ (U.D. Urban Design) и „Готлиб Палудан архитектс“ (Gottlieb Paludan Architects), лоциран во Стокхолм. Во него се наоѓа најголемата централа за комбинирано производство на биогориво во светот и значително придонесува за намалувањето на емисијата на јаглерод диоксид во градот. Надземниот дел од заводот е изведен со заоблена фасада направена од вертикални керамички елементи. Заоблената форма на фасадата на Биоенергетскиот завод обединува повеќе делови на заводот, истовремено намалувајќи ги неговите акустични и визуелни влијанија.

  • Специјална награда во категоријата: „Sharing public spaces“

Локација: Ла Плажоса, Аргентина

Архитект: студио „Nicolás Campodonico Estudio“, Сан Лоренцо, Аргентина

Вид на тула: Керамички блокови

Добитникот на Специјалната награда, капелата Сан Бернардо на архитектонското студио „Николас Камподонико“ (Nicolás Campodonico Estudio) е мало ремек дело. Посветена е на светецот-заштитник на мала заедница во близина на местото каде што е изградена, во аргентинската пампа. Во местото нема ни вода, ни струја. На висорамнините нема камења или дрвја, само земја. Тулата е „природен“ материјал од пампата, па е и единствениот материјал користен за изградба на капелата Сан Бернардо.На атмосферата влијаат само светлината од сонцето и природата. Сончевата светлина и два дрвени столба прават сенка во форма на христијански крст на источниот ѕид на капелата еднаш во текот на денот. Проектот е од категоријата: „Sharing public spaces“.

  • Специјална награда во категоријата: „Building outside the box“

Локација: Лерида, Шпанија

Архитект: студио „AleaOlea architecture & landscape“, Шпанија

Вид на тула: Фасадни тули и покривни ќерамиди

Обновувањето на старата црква Виланова де ла Барка од страна на архитектонското студио „Алеа олеа“ (AleaOlea architecture & landscape) беше наградено со втора Специјална награда. Црквата, којашто датира од 13. век, била уништена за време на Шпанската граѓанска војна. Нејзиното обновување е необичен пристап во односот кон историските градби. Покривот и деловите од фасадата на старата црква Виланова де ла Барка требало да се изградат одново. Ѕидовите што недостасувале се изградени со особено внимателно користење на тула. Овој проект ја покажува разновидноста и приспособливоста на тулата и создава уникатен дијалог меѓу сегашноста и минатото. Проектот е пријавен во категоријата: „Building outside the box“.

 

 

Повеќе информации на: www.brickaward.com

Construction worker with tablet computer, Fast Forward Commercial Excellence

Имате ли прашања за нас или за нашите производи?

 Контактирајте нè и ќе ви помогнеме!

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Најдете дистрибутер

Најдете го дистрибутерот што ви е најблиску

Пријавете се за њуслетер

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Слични статии

Продажба