Заштита на лични податоци Garden Visions

Правила за заштита на личните податоци

Почитувањето на доверливоста и заштитата на вашите лични се важни работи на кои обрнуваме внимание во сите наши деловни односи. Ние ја почитуваме доверливоста на вашите лични податоци и секогаш постапуваме во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци и овие Правила за заштита на лични податоци.

1. Опсег

Овие Правила за приватност се наменети да Ве известат за тоа како Semmelrock Stein+Design ги користи личните информации, кои информации за корисниците на Garden Visions мобилната апликација ги собира и оценува и подоцна ги користи, ги пренесува на трети лица или ги обработува на кој било друг начин.

2. Собирање на податоци

2.1. Податоци кои Вие ги доставувате

По правило, за користење на нашите онлајн-услуги не е потребно откривање на личните податоци. Ако личните податоци (име, адреса или е-меил адреса) се собрани во рамките на нашите онлајн-услуги, тоа се прави на Ваша доброволна основа. Ако, на пример, сакате да ни го испратите вашиот GardenVisions дизајн нам ќе ни биде потребна вашата е-меил адреса, како и информација што ни овозможува да потврдиме дека Вие сте сопственикот на назначената е-меил адреса.

2.2. Автоматски собрани податоци

Поради безбедноста на податоците и за оптимизирање на пристапноста до корисниците, ние собираме и нелични податоци во врска со користењето на нашите онлајн-услуги. На пример, се чува (помни) интернет-прелистувачот кој го користите, оперативниот систем, името на доменот на веб-страницата што сте ја посетиле последна пред да ја отворите нашата веб-страница, бројот на посети и просечното време поминато на нашата веб-страница, како и страниците на кои сте пристапиле.

Таквите автоматски собрани податоци не се поврзани со податоци од други извори. Сепак, ние го задржуваме правото ретроспективно да ги провериме таквите податоци, доколку се појават одредени индикации за нелегална употреба.

2.3. Aнализи на мобилна апликација

За континуирана функционална оптимизација и максимална корисничка пристапност, нашата мобилна апликација GardenVisions ги користи услугите за  анализи наведени во продолжение. Податоците што се користат за оваа намена се исклучиво нелични.

3. Употреба на лични податоци

Во суштина, личните податоци што сте ги дале, ги обработуваме и ги користиме само за одредени цели. Ова вклучува:

Обезбедување, подобрување и поддршка на нашите онлајн-услуги: Ова вклучува анализа на податоци, идентификација на трендовите на користење, како и пресметки и статистика на кориснички примерок.

Маркетинг: Вашите лични податоци ќе се користат само за маркетиншки цели, како што се анкети, наградни игри или други рекламни кампањи, ако сте се согласиле со таквата употреба. Во тој случај, Вашите податоци ќе се чуваат во период од 1 година, освен ако не е законски дозволено подолгорочно чување. Вашата согласност за користење на Вашите лични податоци за маркетиншки цели може да се повлече во секое време. За повеќе детали, видете ја точка 5.

Употреба на формуларот за контакт: Ако го користите формуларот за барање за прашања, информациите што ги давате во формуларот, вклучувајќи ги деталите за контакт, се користат за обработка на барањето и се складираат за подоцнежна употреба доколку се појават прашања за следење. Доколку е потребно за целите на обработката на вашето барање, ние исто така може да ги обезбедиме вашите лични податоци на компании во Wienerberger Group (види точка 4) или на трети страни. Вашите лични податоци ќе се чуваат за време на обработка на барањето и максимален период од 1 година од завршувањето на обработката, освен ако подолгите периоди на задржување се законски дозволени поради други причини.

• Заштита на правата и правата на сопственост: Ако имаме причина да веруваме дека правата и имотот на фирмата, нејзините снабдувачи и клиенти или трети страни биле, или би можеле да бидат нарушени, ние можеме да ги користиме и пренесуваме Вашите лични податоци со цел да ги заштитиме овие права и/или сопственост. Потоа, ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци, под услов таквото откривање да биде законски потребно или по налог на надлежни органи, за да ја заштитиме редовна постапка во согласност со постапката наведена на нашата/нашите веб-страница/и, и за заштита на горенаведените права.

Чистење и консолидација на податоци: Од време на време, личните податоци кои сте ни ги дале, може да се проверат или да се консолидираат со (i) податоците од нашите постоечки регистри (онлајн и офлајн), (ii) податоците преземени од правниот претходник, или (iii) податоците од други извори.

4. Пренос и откривање на Вашите лични податоци

Во зависност од видот на услугата што сте ја побарале (на пр. повратен повик, нарачка, барање за услуги, информации итн), Вашите податоци можат да се разменуваат со трети лица вклучени во извршувањето на нарачките (на пр. Компании кои даваат нарачки по пошта, банки, итн) или со другите компании на групацијата Wienerberger. Исто така, можеби ќе треба да ги откриеме личните податоци за да ги задоволиме законските барања или да извршиме одредени права и договори.

Пренесување на податоци на трети страни:

За извршување на одредени нарачки и обезбедување на одредени услуги, работиме со надворешни снабдувачи на услуги (на пример, агенти за посредување). Таквите даватели на услуги не смеат да ги користат или пренесуваат податоците собрани и обработени од нас за која било друга цел, освен за извршување на налог од компанијата.

Користење на податоците во рамките на групацијата:

Компанијата е дел од групацијата Wienerberger, меѓународна групација на компании со прекугранични внатрешни оперативни процеси, структури и технички системи. Ние можеме да ги користиме Вашите лични податоци во рамките на групацијата Wienerberger и, доколку е потребно, да ги пренесеме на нашите веб-страници во други земји за целите наведени во точка 3. и во согласност со овие Правила за приватност. Нашите упатства и процедури за заштита на податоците во рамките на Групацијата се осмислени на таков начин што осигуруваат подеднакво високо ниво на заштита на податоците во сите земји во кои работиме. За комплетна листа на компании од нашата групација, Ве молиме кликнете на: https://www.wienerberger.com/contact или https://www.wienerberger.com/en/about/locations.html

• Усогласеност со законите и слични обврски:

Ќе ги пренесеме Вашите лични податоци за да можеме: (i) да спроведеме законски обврски или да се усогласиме со одреден закон, регулатива, налог на јавен орган или задолжителна мерка, (ii) да откриеме и спречиме закани за безбедност, измама или други злонамерни активности, (iii) да ги заштитиме и/или да ги спроведеме правата и имотот на компанијата или трети страни и (iv) да ги заштитиме правата и личната безбедност на нашите вработени и трети лица

5. Право на информација, право на повлекување и бришење на Вашите лични податоци

Имате право во писмена форма да побарате информации за Вашите лични податоци што сме ги складирале. Понатаму, во врска со користењето на Вашите лични податоци, имате право на исправка, бришење, поништување или ограничување на обработката, како и право да поднесете жалба до органот надлежен за заштита на податоците. Ве молиме да ги упатите таквите барања, како и сите други прашања на контактот наведен во точка 7.

6. Безбедност на податоците

Компанијата користи широк спектар на безбедносни мерки за да се обезбеди доверливост и интегритет на Вашите лични податоци. Сепак, со оглед на природата на интернетот, сакаме да Ви го посочиме фактот дека можат да постојат безбедносни недостатоци во пренесувањето на податоци преку интернет (на пример, при комуникацијата преку и-меил) и дека целосната заштита на податоците од пристап на трети лица не е возможна.

7. Контакт

За какви било прашања во врска со овие Правила за приватност или со обработката на Вашите податоци, Ве молиме контактирајте со:

Винербергер дооел Виница

Ул. ИГМ Пролетер бр. 1

Македонија

тел. 00389 33 361 332

е-маил: office.mk@wienerberger.com

Продажба