Општи правила и услови

Кампања ,,Вредносен ваучер од 50 евра за твојот нов покрив"

1. ОРГАНИЗАТОР НА КАМПАЊАТА

1.1. Кампањата за дистрибуција на вредносни ваучери во парична вредност од 50 ЕУР за купување на ќерамиди ‘’Тондах’’ од „Винербергер“ ДООЕЛ, во понатамошниот текст како „Кампања“, се спроведува на територијата на Република Северна Македонија. Кампањата е организирана и спроведена од Друштво за производство троговија и услуги „Винербергер“ ДООЕЛ Виница, со седиште на ул.ИГМ Пролетер бр.1, во Виница, ЕМБС: 4056361, во понатамошниот текст, како „Организатор“. 

2. ТЕРИТОРИЈА НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КАМПАЊАТА

2.1. Кампањата се спроведува на територијата на Република Северна Македонија, информации за кампањата може да се најдат на Интернет корпоративната веб-страница на компанијата „Винербергер“ ДООЕЛ - www.wienerberger.mk и кај комерцијалните претставници на продажбата на „Винербергер“ ДООЕЛ.

3. ВРЕМЕТРАЕЊЕ И ПЕРИОД НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КАМПАЊАТА

3.1. Кампањата започнува во 00.00 часот на ден 01.03.2021 година и ќе трае до 00.00 часот на ден 15.04.2021 година;

3.2. Организаторот го задржува правото да ја продолжи кампањата за временски период до искористувањето на предвидениот број на ваучери, а тоа во случај доколку во првично утврдениот временски период не се дистрибуира предвидениот број на ваучери.

4. ОПШТИ ПРАВИЛА

4.1. Учесниците во кампањата се должни да ги исполнуваат условите и правилата опишани подолу, назначени како Општи правила.

4.2. Општите правила се објавуваат на веб-страната www.wienerberger.mk и ќе бидат достапни за целото времетраење на Кампањата.

4.3. Организатор го задржува правото да врши измени или дополнување на Општите правила, со тоа што промените ќе стапат во сила по нивното објавување на веб страницата www.wienerberger.mk  

4.4. Со учеството во Кампањата, учесниците се согласуваат со Општите правила и се  согласуваат да се придржуваат кон условите на Кампањата.

4.5. Спроведувањето и учеството во Кампањата се спроведува во согласност со овие правила на Кампањата.

4.6. Секој учесник може да учествува во Кампањата само со прифаќање и почитување на условите и правилата на Кампањата. 

4.7. За учество во Кампањата, учесникот го користи онлајн ваучерот од својата електронска пошта, добиен од страна на комерцијален претставник а со регистрацијата за учество во Кампањата на веб сајтот на организаротот www.wienerberger.mk во согласност со условите и правилата на Кампањата.

5. ПРАВО НА УЧЕСТВО

5.1. Право на учество во Кампањата имаат сите физички лица кои живеат на територијата на Република Северна Македонија, кои имаат навршено 18 години, кои се правно и деловно способни за да учествуваат во правниот промет, да склучуваат правни дела и трансакции во свое име и за своја сметка.

5.2. Вработените во „Винербергер“ ДООЕЛ, како и нивните роднини и нивните семејства, немаат право да учествуваат во Кампањата.

5.3. Учеството во Кампањата подлежи т.е е условено со идна набавка на производи - ќерамиди ‘’Тондах’’ од „Винербергер“ ДООЕЛ, количината на набавка не може да биде помала од 1.500,00 (илјада и петстотини) парчиња ќерамиди.

6. ЦЕЛ НА КАМПАЊАТА

6.1. Да им се овозможи на потенцијалните купувачи на ќерамиди од брендот ‘’Tондах’’ на ВИНЕРБЕРГЕР ДООЕЛ, кои ќе изјават волја да учествуваат во Кампањата да се стекнат со вредносен ваучер од 50 ЕУР во денарска противредност во износ од 3.075,00 денари, за купување на ќерамиди ‘’Тондах’’ од „Винербергер“ ДООЕЛ.

6.2. Детално да се запознаат (преку информативни материјали, или на кој било друг законски начин) со производите на организаторот  и придобивките од нивно користење.

6.3. Да се ​​воспостави комуникација помеѓу потрошувачите и Винербергер со цел да се стекнат со совети за максимално ефикасна употреба на производите на компанијата Винербергер.

7. МЕХАНИЗАМ ЗА УЧЕСТВО ВО КАМПАЊАТА

7.1. Потенцијалните купувачи на ќерамиди ‘’Тондах’’ што сакаат да учествуваат во Кампањата можат да го сторат тоа на следниот начин:

7.2. Со кликање на Фејсбук објава или банер на веб сајт создаден за Кампањата со кој се комуницира промотивната активност, потенцијалните купувачи пристапуваат на посебно креирана страница на веб сајтот на компанијата „Винербергер“ ДООЕЛ - www.wienerberger.mk на кој е потребно да се пополни краток формулар преку кој се остават податоци во врска со тоа дали планираат нова градба или реновирање на домот, во кој период го планираат градењето, дали се информирани за ситемските решенија за покрив,  име и презиме, место на живеење, контакт телефон и електронска пошта.

7.3. При  оставањето на овие податоци, потенцијалните купувачи  треба да изразат согласност со општите правила, преку штиклирање на опцијата  дека се согласуваат  со “Општите услови и правила” на промотивната Кампања, како и дека се согласуваат со Правилата за заштита на лични податоци достапни на веб линкот https://www.wienerberger.mk/drugi/pravila-za-privatnost.html и опционално да се регистрираат  за добивање на новости од „Винербергер“ ДООЕЛ на нивната  електронска пошта во вид на newsletter.

7.4. Со кликање на полето пријава за вредносен ваучер, автоматски регистрираниот корисник добива потврда со благодарност за регистрација за вредносен ваучер.

7.5. Вредносниот ваучер се активира и може да се користи со добивање на автентичен код.

Автентичниот код (уникатен идентификационен број на ваучерот) на регистрираниот учесник му го соопштува - доставува заедно со ваучерот овластен трговски агент на Oрганизаторот, во рок од 3 дена, од денот кога корисникот се регистрирал за учество во кампањата, на оставената електронска пошта на корисникот.

7.6. Заради спречување на злоупотреба едно лице – регистриран корисник да се регистрира повеќе пати и со тоа да искористи поголем број на ваучери, организаротот го уредува дистрибуирањето на ваучерите со вршење на контрола од страна на неговите трговски агенти.

7.7. Вредносните ваучери предмет на Кампањата, кои ќе бидат доделени на регистрираните корисници, можат само еднократно да се употребат, и истите важат само за градежни објекти кои се градат или реновираат во текот на 2021 година на територија на Република Северна Македонија.

7.8. Вредносниот ваучер исклучиво може да се користи само за набавка на ќерамиди ‘’Тондах’’, вредносниот ваучер може да  го искористи само регистриран корисник во Кампањата - лице на чие име е издаден ваучерот, активиран со добивање на автентичен активациски код.

7.9 За еден градежен објект може да учествува само едно лице - регистриран корисник во Кампањата за вредносен ваучер, односно за еден градежен објект може да се искористи само еден вредносен ваучер.

7.10 Вредносниот ваучер регистрираниот корисник во Кампањата, може еднократно да го искористи заклучно со 31.12.2021 година, при купување на ќерамиди ‘’Тондах’’, за количина која не може да биде помала од 1.500,00 (илјадаипетстотини) парчиња ќерамиди.

7.11 Корисникот кој се стекнал со вредносен ваучер, по добивањето на ваучерот е должен да го информира соодветниот комерцијален претставник во кој продажен објект ќе го реализира вредносниот ваучер, за истиот да биде претходно најавен од страна на трговскиот претставник за реализација на ваучерот.

7.12 Вредносниот ваучер при искористување по пат на реализација на купопродажба на ќерамиди ‘’Тондах’’ од страна на корисник во Кампањата - купувач се предава на продавачот, кој во рок од 15 денови, по извршената купопродажба го доставува, до Организаторот.

8. ЗАМЕНА И ОТСТАПУВАЊЕ НА ВАУЧЕР

8.1. Вредносните ваучери се лични и не можат да бидат отстапени или заменети за пари и / или други погодности. 

9. ПРЕКИН НА КАМПАЊАТА

9.1. Организаторот има неотповикливо право да ја прекине Кампањата во кое било време, објавувајќи го тоа во согласност со овие Општи правила, во случај да открие злоупотреба или масовно кршење на правилата, во случај на виша сила или од други причини за кои Организатор по сопствена оцена ќе смета дека продолжувањето на Кампањата е неоправдано.

9.2. Во случај на злоупотреба, лошо однесување или кршење на Општите правила од страна на корисник, Организаторот има право да го дисквалификува. Дисквалификацијата се врши со бришење на соодветниот учесник од регистарот на учесниците во Кампањата, што ја спроведува „Винербергер“ ДООЕЛ.

10. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

10.1.  При пополнување на формулар за регистрација, корисниците му ги доставуваат на     

          Организаторот следните лични податоци:

          10.1.1.  Име и презиме

          10.1.2.  Место на живеење

          10.1.3.  Адреса на е-пошта

          10.1.4.  Телефонски број

10.2. Врз основа на овие Општи Услови и правила, корисниците го пополнуваат формуларот за регистрација и се смета дека се информирани за правилата на Кампањата, и ја доставуваат својата согласност да учествуваат во истата, во согласност со овие Општи Услови и правила, како и со обработката на личните податоци што тие ги дале за пополнување на образецот за регистрација и / или последователно во текот на Кампањата.

10.3. Организаторот ќе ги обработува горенаведените лични податоци на учесниците за:

          10.3.1. последователно идентификување и личен контакт со лицата-корисници кои се регистрирале да учествуваат во Кампањата, целокупната администрација на Кампањата и обезбедување на почитување на овие правила;

          10.3.2. спроведување на истражувања за задоволството на потрошувачите или други маркетинг кампањи поврзани со трговските марки на „Винербергер“ ДООЕЛ - (директен маркетинг) и подготовка на резиме статистички и маркетинг извештаи за корисниците на „Винербергер“ ДООЕЛ.

10.4. Корисниците во секое време имаат право на пристап до нивните  дадени и обработени во оваа кампања лични податоци, како и правото да побараат нивна измена или бришење , во согласност со  Законот за заштита на личните податоци. Секое такво барање треба да се поднесе во писмена форма до „Винербергер“ ДООЕЛ.

10.5. Со своето вклучување во Кампањата, се смета дека секој корисник се согласил да добива комерцијални комуникации од „Винербергер“ ДООЕЛ. Секој корисник може во секое време да одбие да добие дополнителна електронска комуникација од Организаторот. 

11. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ

11.1. Организаторот не е одговорен за регистрациите на корисниците кои содржат јасно неточни или погрешни информации.

11.2. Организаторот не е одговорен за корисниците кои обезбедиле невалиден телефонски контакт, нецелосна или неточна е-пошта, адреса или други информации за контакт.

11.3. По завршувањето на Кампањата, Организаторот не е одговорен за какви било дополнителни обврски поврзани со околности што можат да ги наведат корисниците да веруваат дека Кампањата се уште трае. 

12. НАДЛЕЖНОСТ ВО СЛУЧАЈ НА СПОР

12.1. Сите спорови кои ќе произлезат од или во врска со овие Правила или Кампањата, вклучително и спорови кои произлегуваат од или во врска со нивното толкување, невалидност, извршување или завршување, и спорови за пополнување на правни празнини во Правилата или нивното прилагодување кон нови околности, ќе ги решава Основен суд Виница за физички лица и Основен суд Кочани за правни лица.

13. ЈАВНОСТ

13.1. Со учество во оваа Кампања, корисниците се согласуваат дека во случај на добивање на вредносен ваучер, нивните имиња, адреса, фотографија или други лични податоци може да ги користи Организаторот во аудио, видео и печатени материјали, за кои не се одговорни. Покрај горенаведеното, учесниците се согласуваат Организаторот или неговите овластени лица да ги контактираат на контакт телефонскиот број обезбеден од нив за време и во врска со Кампањата, заклучно со 31.12.2021 година.

14. ПРАВНО ДЕЈСТВО

14.1. Учествувајќи во Кампањата, корисниците се согласуваат да се придржуваат кон овие Општи правила, вклучувајќи ги нивните услови.

14.2. Овие Општи правила и услови влегуваат во сила со денот на објавувањето на www.wienerberger.mk и ќе важат во текот на целиот период за времетрањето на Кампањата.

Дата на последно ажурирање: 01.03.2021 година.

Продажба