Obiteljska kuca Kobiljaca

Што подразбира есенската грижа за вашиот покрив

Есента може да му создаде многу проблеми на покривот. Прочитајте како со неколку чекори да му обезбедите вистинска есенска грижа на вашиот покрив. 

Obiteljska kuca Kobiljaca
есенска проверка

Со доаѓањето на есента, природата се менува. Лисјата паѓаат, температурите опаѓаат, а времето станува сè постудено. Крајот на месецов е вистинско време да направите проверка на вашиот покрив, затоа што тој е во првите редови на одбраната од дождот, ветерот и снегот.

Есенската грижа може да биде многу ефикасна во навремено откривање на недостатоците на покривот, санирање на евентуални проблеми и заштеда на големи трошоци доколку проблемите се појават на зима. 

Внимателно разгледајте

глината е стабилен материјал

Сите знаеме дека на ладно материјалите се собираат, а на топло се шират. Но, кога промената од топло на ладно или обратно се случува брзо, на материјалите може да настанат пукнатини, како што се случува, на пример, со лимените покриви.

Покривите направени од глинени ќерамиди ја немаат таа мака, затоа што глинените ќерамиди се стабилен материјал. Печени на температура од над 1000° С, со природна глазура или енгоба, тие се максимално отпорни на жештина и на мраз и издржливи без разлика на брзината со која се менува топлината.

Дополнително, глината природно „дише“, апсорбира и постепено ослободува топлина, со што ја стабилизира микроклимата во потпокривниот простор. 

Чистете ги олуците

барем двапати во есенската сезона

Лисјата и гранчињата што паѓаат од околните дрвја често ги затнуваат олуците и одводните канали. Кога водата од дождовите не може слободно да се одлева, таа се собира и може да предизвика влага, па дури и оштетување на фасадата, ѕидовите, па и на темелите.

Затоа, исчистете ги олуците барем двапати во есенската сезона: на средината и на крајот на есента, за да бидат чисти и проточни за зимата.

Проверете ја изолацијата

да се задржи топлината на домот преку зимата

Внатрешната страна на покривот е исто толку важна како и надворешната. Надворешната штити да не влегува вода внатре, но внатрешната треба да се грижи влагата во воздухот да излегува надвор

Проверете дали има:

·       траги од влага или мувла во потпокривниот простор;

·       оштетени делови на изолацијата (вентилациските ленти) и

·       проблеми со вентилацијата.

Добрата термоизолација и вентилирањето ќе помогнат покривот да дише, односно во потпокривниот простор да не се акумулира влага, да не се создава кондензација и да се задржи топлината на домот преку зимата. 

Стручна проверка

за посериозни проблеми

Доколку имате посериозни проблеми со покривот, како што е мувла, изгниена дрвена конструкција или протекување, морате да се обратите кон стручни лица за сериозна проверка.

Професионалците можат да ги забележат оштетувањата што обичен човек не ги гледа и да предложат соодветна поправка или, доколку е потребно, целосно реновирање на покривот.

Покрив што дише, дом што живее
покрив што дише

Ваучер од 100 евра за нов покрив

Доколку ви е потребно реновирање на покривот, изберете ги нашите системски покривни решенија Tondach. Уште само неколку дена имате можност да ја искористите промотивната понуда и да добиете ваучер од 100 евра за нов покрив.

Направете го вистинскиот чекор и дочекајте ја зимата во безбеден дом под сигурен покрив. 

Landing page cover mk voucher campaign Tondach

Промотивна понуда

Добиј ваучер од 100 евра за вашиот нов покрив 

Слични статии

Продажба