Urban roofers passing on roof tile towards colleague working on the roof wearing safety jackets and hard hats

Зошто СЕГА е најдоброто време за реновирање на покривот

Дали вашиот дом ќе ги дочека есенските дождови и зимата подготвено? Дознајте зошто сега е најдобро време да го реновирате покривот!

Image
Излез на покрив

„Зимата доаѓа“ – беше најпознатата реченица од серијата „Игра на тронови“, која ја држеше тензијата во текот на цели осум сезони. Стравот на човекот од суровата зима е еден од најдревните стравови кои со текот на времето сме го ублажиле, градејќи сè посигурни домови.

Зимата можеби не е толку блиску, но затоа сме на прагот на есента, а раната есен е време кога редовно размислуваме на домот и потребните реновирања.

Ако во изминатите сезони сте имале проблем со покривот, сега е време да му се посветите целосно и да го реновирате. Со тоа сигурно ќе ги избегнете можните штети од протекување и прокиснување кои знаат да бидат поголеми и од инвестицијата во нов покрив. 

Зошто раната есен е идеална за реновирање на покривот?

3 добри причини

·       Намалени се шансите за екстремни временски услови: пониските температури и сувите денови се како создадени за градежни работи на отворено.

·       Желбата за работа и занимавање со домашни проблеми расте наесен. Летото е лежерно и со неговото завршување сите сме многу попродуктивни. Искористете го вашето работно расположение и зацртајте си го реновирањето на покривот како најважен проект што треба да го завршите.

·       Секое време е добро да се мисли на заштеда, така што сметајте дека со реновирањето на покривот ќе придонесете и за енергетската ефикасност на вашиот дом и за намалување на сметките за струја. 

Како експерт за производство на природни ќерамиди и на квалитетни системски решенија за покрив, „Винербергер“ ви нуди широк избор на ќерамиди Tondach и додатоци за покрив.

Нашата фабрика во Виница, во која работат над 120 вработени, стои на располагање за вашите потреби со сите свои капацитети. Онлајн-калкулаторот можете во секое време да го искористите за пресметка на потребните материјали, тимот за продажба е тука за секоја консултација што ви е потребна, а нашите соработници, складиштата, веднаш ќе ве опслужат за брзо и лесно да ги набавите сите потребни материјали. 

Дополнително, до крајот на септември имаме промотивна понуда со која можете да добиете ваучер од 5.000 денари за вашиот нов покрив.

Искористете ги сите предности и поволности и реновирајте го вашиот покрив сега, за зимата да ја дочекате спокојно и сигурно.  

email, chat and telephone symbols

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

Дали ви треба дополнителна помош?

Ви нудиме бесплатна техничка поддршка

Контактирајте нѐ!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не пропуштајте ги најновите вести од нас

Слични статии

Продажба