Urban roofer product manager checking ridge system wearing safety jacket and hard hat in an urban location

Пролетна проверка на покривот

Пролетта оди рака под рака со проверките на покривот. Исто како што оди и со реновирањето и градењето на нови покриви.

Кога помислуваме на пролетта, замислуваме раззеленети површини, цвеќиња и инсекти, многу сончева светлина и топлина. Будењето на природата неминовно ни носи чувство на радост и желба да го зграпчиме животот.

Како луѓе посветени на изработка на градежни материјали, ние за секое годишно време размислуваме поаѓајќи од неговата поврзаност со градбите.

Во текот на долгиот и ладен зимски период, покривот ја носи целата тежина на дождовите, снегот, мразот и силните ветришта. А кога доаѓа пролетта, тој конечно може да „здивне“, да се исуши и загрее. Пролетните дождови ние ги гледаме како последна можност да ја испитаме сигурноста на покривот, а зголемувањето на топлите денови како вистинско време за реновирање и градење. 

Време е за нов живот на покривот

проверка и реновирање

Пролетта е совршена за проверка на покривот и за евентуално реновирање. Онака како што правиме пролетно чистење во домот, треба да ни стане навика да правиме и пролетна проверка на покривот.

Дали има стари ќерамиди кои попуштиле, дали олуците се затнати и предизвикуваат насобирање на водата, дали има мали пукнатини во ќерамидите преку кои можат да настанат сериозни протекувања... Сите овие работи треба детално да се проверат, затоа што една капка вода на таванот е доволен знак дека е време за акција. 

Како да проверите дали вашиот покрив е во добра форма?

Еве неколку основни чекори за проверка на покривот што секој сопственик на куќа може да ги прави секоја пролет:

1. Внимателно гледајте – визуелно проверете дали има скршени или изместени ќерамиди, како и дали на некое место недостасува ќерамида.

2. Проверете ги олуците – тие се навистина деликатни делови од покривот, кои треба постојано да бидат чисти и проточни за да не предизвикаат други проблеми.

3. Прегледајте однатре – качете се на таванот и испитајте дали има влага, водени дамки, мувла или лош мирис. Сите овие работи укажуваат на неисправност на покривот.

4. Снимање со дрон – ако не можете сами безбедно да се качите на покривот, во денешно време можете да искористите дрон за добро да го снимите покривот од горе и да увидите доколку постои некоја неисправност.

5. Консултација со стручно лице – доколку знаете дека има проблем со покривот, а не можете сами да го лоцирате местото каде што настанува проблемот, секогаш можете да викнете стручно лице за детална проверка и проценка. 

Поправка, реновирање или нов покрив?

секогаш постои решение

Што и да е проблемот што го мачи вашиот покрив, а со тоа и вашиот дом – секогаш постои решение. Пролетта е идеално време за:

  • мали поправки, како замена на неколку ќерамиди, пополнување на пукнатини или средување на олуците;
  • средни интервенции, како промена на дел од покривната конструкција, нова изолација или замена на некои делови;
  • комплетно реновирање на покривот, нешто што е неопходно доколку покривот е стар повеќе од неколку децении, има чести проблеми и конструкцијата му е оштетена.  

На пролет температурите се умерени, времето е попредвидливо и може да се избегнат непријатностите за време на есенските дождливи или зимските снежни денови.

Дополнително, на пролет во „Винербергер“ ја имаме нашата најпопуларна годишна кампања. Доделуваме ваучери од 100 евра за секој што сака да гради нов или да реновира стар покрив. 

Побарајте го вашиот ваучер од 100 евра и оваа пролет изградете го покривот што вашиот дом го заслужува. 

Landing page cover mk voucher campaign Tondach

Побарај ваучер од 100€ за нов покрив

Дали ви треба дополнителна помош?

За цени и набавка

Контактирајте ги нашите комерцијални претставници

Локации на дистрибутери

Пронајдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете сѐ за Newsletter

Не пропуштајте ги нашите промоции и новитети

Слични статии

Продажба