icicles hanging from the edge of the roof dripping water

Покривот и големите температурни разлики

Под влијание на климатските промени, големите температурни разлики ќе бидат сè почести. Дознајте што значи тоа за вашиот покрив!

Cozy house in winter
куќа во зима

Во изминатиов период бевме сведоци на драстични температурни промени. Од жешките летни денови со над 35 °C за неколку дена температурата падна во близина на нулата во котлинските делови, а на планините и заврна снег.

Кога температурните разлики во краток период се толку големи, товарот што го носи покривот во заштитата на домот значително се зголемува. Како архитектонски и градежен елемент, тој е штит и чувар на безбедноста и сигурноста на домот.

Поради климатските промени и ваквите периоди кои се очекува да зачестат, подготвивме совети за тоа како при избор на градежни материјали за вашиот нов покрив да не се грижите за евентуални непријатности при големи температурни разлики. 

Материјалот е пресуден

глината е стабилен материјал

Сите знаеме дека на ладно материјалите се собираат, а на топло се шират. Но, кога промената од топло на ладно или обратно се случува брзо, на материјалите може да настанат пукнатини, како што се случува, на пример, со лимените покриви.

Покривите направени од глинени ќерамиди ја немаат таа мака, затоа што глинените ќерамиди се стабилен материјал. Печени на температура од над 1000° С, со природна глазура или енгоба, тие се максимално отпорни на жештина и на мраз и издржливи без разлика на брзината со која се менува топлината.

Дополнително, глината природно „дише“, апсорбира и постепено ослободува топлина, со што ја стабилизира микроклимата во потпокривниот простор. 

Влагата е невидлив непријател

кондензација и влага

Кога температурите нагло паѓаат, во потпокривниот простор може да се создаде кондензација и влага. Со текот на времето тоа предизвикува мувла, скапување на дрвените елементи и гниење на конструкцијата.

Доколку покривот има правилна вентилација, која овозможува влажниот воздух однатре да излегува надвор, а однадвор да влегува свеж воздух, таа претставува невидлив пријател кој штити од бавното но сигурно разорно дејство на влагата. 

Системски решенија за сигурно отпорен покрив

покривот не е само ќерамиди

Нашата омилена реченица е дека покривот не е само ќерамиди. Покривот е ќерамиди плус голема палета на керамички и некерамички додатоци, кои му овозможуваат да функционира како еден уигран систем за одбрана од неповолните надворешни влијанија.

Вентилациските ќерамиди, вентилациската лента, паропропусната фолија, вентилациските елементи за стреа, отворите за вентилација итн.  – сите тие си имаат своја улога во вентилацијата, цврстината и отпорноста на покривот.

Покривот изграден како целосно системско решение Tondach обезбедува оптимална сигурност, која е засилена со 33 годишна гаранција

Cleaning roof from snow with shovel. Danger of getting injured from snow or icicles falling from rooftop. Workers removing snow from old wooden building. Wintertime maintenance and activity concept
покрив во зима

Покрив што дише

Инвестицијата во покрив со 100% природни глинени ќерамиди Tondach и со сите потребни додатоци за да функционира како системско покривно решение е одлука за сигурност и траен живот на домот. Кога покривот дише и е создаден од огноотпорни материјалии, ризикот од пожар е сведен на минимум и вашето семејство може да спие мирно.

Вашиот дом заслужува покрив што ќе дише, што ќе го штити и што ќе трае со генерации. Изберете природни глинени ќерамиди. Изберете системско покривно решение. Изберете го Tondach! 

Слични статии

Продажба