selective focus of travel agent holding globe and smiling at camera

Низ светот на традициите за Нова година

Украсен дом со задолжителната новогодишна елка. Богата трпеза со неизбежните руска салата и кифлички. Прскалки за децата, одбројување пред да се спојат стрелките на часовникот, гушкање со најблиските и уживање во огномети. Вака изгледа нашиот дочек на Новата година. 

А во светот – колку народи, толку различни традиции со кои се дочекува Новата година. Некои се поврзани со самата вечер, некои со последниот ден од годината, а некои почнуваат и многу порано.

Ви претставуваме интересни традиции од светот поврзани со дочекот на Новата година и, најважно од сè, со вербата дека нивното продолжување ќе продолжи да носи среќа. 

Капење во студена вода за свеж почеток

традиција во Холандија

Можеби најмалку познатата новогодишна традиција е токму холандската, која подразбира нурнување во престудената морска вода на новогодишната ноќ. Оваа традиција се верува дека дава свеж почеток во новата година. Најпознатиот ваков групен настан за Нова година се случува во градот Схевенинген.

Фрлање на стариот мебел и лошите спомени низ прозорец

традиција во Неапол

Во многу делови на Италија, а особено во Неапол, е задржана старата традиција на фрлање мебел од прозорците на Нова година! Зад оваа активност лежи верувањето дека ако фрлиш стар мебел на улица ги фрлаш и лошите спомени од претходната година и правиш место за нов почеток. 

Шетање со куфер за шетање по светот

традиција во Колумбија

Една од најинтересните новогодишни традиции во Колумбија е поврзана со патувањето. На 31 декември многу Колумбијци ги вадат нивните куфери и прошетуваат со нив некаде надвор во текот на денот. Веруваат дека со тоа во новата година ќе имаат многу патувања и авантури.

Светнат дом за чист почеток

традиција во Кина

Во Кина подготовките за дочекот на новата година почнуваат 15 дена пред тоа, кога Кинезите почнуваат темелно да ги чистат нивните домови за да ги отстранат лошите работи од домот со цел да имаат светол и чист почеток на новата. Потоа, нивните домови ги украсуваат со симболи за среќа и бериќет, како кинески монети што висат на црвени врвки, црвени или златни мистични јазли и со познатите црвени кинески фенери. 

Среќата е во сè што е кружно

традиција на Филипини

За Филипинците, кругот е симбол на среќата. Затоа, вечерта на Нова година луѓето се во потрага по тркалезни предмети како амајлии за среќа за новата година. Популарни примери на овие предмети се точкеста облека, многу тркалезно овошје на трпезите и носење многу монети во џебовите. Со внесувањето на тркалезните предмети во домот, се верува дека луѓето ѝ ја отвораат вратата на среќата.

 

Ако може да се најде заеднички содржател на сите овие традиции од целиот свет, тогаш тоа е сигурно желбата сè лошо да остане зад нас, а новата година да ја почнеме оптимистички, со верба дека ќе биде исполнета со среќа.

Па, да им се радуваме на празничните мигови, да ги негуваме нашите традиции и сите да си дочекаме среќна 2025 година!

RO_MKT_Contact Hero

Имате дополнителни прашања?

Контактирајте не слободно и со доверба. Ние сме отворени за соработка! :)

Дали ви треба дополнителна помош?

Сакате персонализирана понуда?

Контактирајте ги нашите претставници за продажба!

Локации на дистрибутери

Најдете го дистрибутерот што ви е најблизу

Пријавете се за Newsletter

Не ги пропуштајте најновите вести од нас

Корисни објави

Продажба